Ако успеете да го „скротите“ овој хороскопски знак, ќе имате лојален и грижлив партнер!
Упорните Јарци ѝ пристапуваат на љубовта како на сериозен бизнис.
Како најпосветениот знак на целите во зодијакот, Јарците н еси играат наоколу. Љубовните авантури не се за нив – тие попрво би биле сами отколку да скокаат од еден партнер на друг.
Јарците се многу свесни за својот статус, па затоа и бараат кај својот партнер одредена вредност – на пример, факултетска диплома, финансиска основа, добар изглед… Тие исто така и ја обожаваат својата фамилија, па до крајот ќе ѝ останат лојални. Многу често и се однесуваат како „ѕид“ за своите најблиски, каде што тие во секое време можат да се потпрат, па ако избраникот или избраничката не се согласува со неговото семејство, врската нема да потрае.
Тие се зависници од работата и се детерминирани да ги остварат своите професионални цели. Но иако ги исполнува работата, не смеат да заборават дека долгите работни часови можат да направат еклипса на личниот живот, па затоа и треба да се стремат кон баланс. Можеби со ова темпо би успеале порано да се пензионираат, но која е цената?
Како да му згрешиле нешто на Бога – овие хороскопски знаци од самото раѓање ги следи лоша среќа>>>
Ако не се грижат доволно за нивната врска, големи се шансите дека на 45 години ќе пловат на јахта со документи за развод. Со други зборови, Јарците треба да му пристапуваат на животот со истата посветеност што ја вложуваат во својата работа, па ќе доживеат романса што има потенцијал да трае цел живот.
Како земјен знак, Јарците имаат голем сексуален апетит, па понекогаш знаат да заскитаат. Интересно, но безначајните односи за една вечер не ги сметаат за неверство. Ако не е вложено срцето, тогаш не се смета за грешка. Секако, ретко кој партнер би се согласил со ова верување, па затоа, доколку се случи, може да предизвика експлозија во врската.