Реклама
Коса

Џенуари Џонс ја бојадиса косата во пастелно розова боја!

Реклама

 Имајте доверба во Џенуари Џонс – пастелно розовата коса изгледа сосема погодна.

37-годишната актерка, кога ја промовираше финалната серија на Mad Men со ко-ѕвездите Елизабет Мос и Кристина Хендрикс, го откри својот нов розе стил на настан за ТВ шоуто во Њујорк.

Маркетинг

Како изгледаше Џонс? Како свеж воздух. А и таа боја на усните како бонбона беше совршена.

Маркетинг

Овој изглед на Џенуари доаѓа откако таа пред неколку недели сподели фотографии од бојосувањето на косата на Инстаграм. Нејзината инспирација? „Викајте ме Френчи“, напиша таа, алудирајќи на познатата Пинк Лејди од „Grease’s“.

Мотивацијата зад новиот изглед на ѕвездата е многу слична на причината на Хендрикс да ја промени бојата на косата.

„Секогаш кога имам пауза помеѓу две снимања, се обидувам да направам нешто малку поинаку. А и, исто така, да ги отфрлам карактерите што ги глумам“,објасни таа за E! News“.  Да се потсетиме, таа прв пат експериментирала со розова коса во 2012 година. „Тоа е добра промена. Не дека улогата што ја имав во „Последниот човек на Земјата“ е трауматизирачка или слично. Јас сум уметник и се досадувам, па затоа сакам да направам нешто лудо. Всушност, веќе не е лудо, затоа што е веќе избледена. Отсекогаш сум сакала промени.“

Се разбира, Џенуари не е првата ѕвезда која ја испробала оваа симпатична нијанса…

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button