Реклама
Култура[тор]

Настан кој морате да го посетите – изложба со фотографии на Ерина Богоева во ЕУ Инфо Центар

Реклама

Во сабота со почеток во 14 часот во просторот ЕУ Инфо Центарот (спроти зградата на поранешна Нова Македонија) ќе се одржи првата самостојна изложба на младата фотографка Ерина Богоева под името Street Life in Europe.

На изложбата ќе биде претставена збирка фотографии кои се создадени низ неколку европски градови и на кои е прикажана разноликоста на приказните на луѓето во Европа, но тематски поврзани преку уметничкиот дискурс со разноликоста на нашите приказни. Младата талентирана фотографка со која неодамна имавме прилика да разговараме (прочитајте го нашето интервју со Ерина тука) со својот фотоапарат ги забележи драгоцените моменти од своите патувања и птошетки низ европските метрополи.

Маркетинг

Материјалот за оваа изложба е собиран од 2011 година и полека прерасна во една целина која го доби името „Животот низ улиците во Европа“, а во која се прикажани приказните на случајните минувачи преку фокусот на Ерина.

Маркетинг

Поставката ќе трае до 20 мај 2016.

Ерина Богоева е родена во 1988 година во Скопје.

Таа е самоук фотограф, а досега била дел од многу изложби („Плоштад Фотографика“, „Денови на Македонска Фотографија“, „Урбан Пејсаж“, „Хуманоста за Јоце не познава граници“, „Микро Изложба“, “Инстаграмџии“) како инеколку групни и самостојни проекти во и надвор од Македниа. Во 2009 година Ерина ја добива наградата во младинската категорија на Деновите на Македонската Фотографија, а во 2012 добива прва награда за фотографија на тема „Скопје од мој агол“. Во  2013 година таа е дел од „Fearful visions“ проектот во Берлин со своја фото-поставка. За време на нејзините студии во Нотингам (2013-2014) по филм, телевизија и екранска индустрија, станува фотограф за „The New Theater“ при Нотингам Универзитетот и нејзини фотографии се појавуваат во тамошното списание „Impact“. Во 2015 година станува дел од уредувачкиот тим на македонскиот фото-блог Revoshot. Таа е дипломиран филолог на катедрата по Англиски јазик и книжевност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, Р.Македонија и магистар по Филм, телевизија и екранска индустрија при Нотингам Универзитетот, Велика Британија. Таа освен како фотограф работи и како театарски продуцент.

види повеќе »

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button