Внимание! Еве зошто е најдобро купената облека да ја исперете пред да ја носите!
Еве зошто МОРАТЕ да ја измиете купената облека пред да ја облечете!
Многу луѓе немаат навика да ја измијат облеката која ја купуваат, но тоа е многу лоша навика бидејќи може да предизвика бројни здравствени проблеми. Според стручните лица, облеката на пат од фабриките до продавниците може да помине низ премногу раце, многу често во магацини во неадекватни услови, а пред да ја купите многу луѓе можеби веќе ја пробале. Затоа може да предизвика разни инфекции и кожни заболувања.
Затоа советуваат новата облека да ја измиете барем еднаш, а во некои случаи и два пати пред да ја носите. Не ризикувајте, бидејќи не е реткост дерматолозите да се среќаваат со различни кожни проблеми предизвикани од носење неизмиена облека. Како најважна и најопасна причина поради која новата облека треба прво да ја исперете стручните лице го наведуваат остатокот од бојата и хемикалиите кои се користат во производството, а кои можат да бидат и многу опасни бидејќи можат да предизвикаат појава на алергии и слаб имунитет. Кај оние кои веќе имаат некоја алергија може да дојде до посилни реакции.