Реклама
Интервју

Ивана Наскова – Можам да преживеам и без облека, но НЕ и без високи потпетици!

Реклама

Ова е приказната на Ивана, водителката на ТВ емисијата „На шанк“

Со Ивана Наскова поразговаравме за модата и убавината, за работите што ја сочинуваат нејзината личност и и карактер, но и за новата кампања на BU Absolute Me Story која во моментов е популарна на социјалните мрежи и во која со фотографии или видеа можете да ја раскажете вашата посебна животна приказна и да добиете вредни подароци.

Маркетинг

Да, секоја од нас има своја единствена и посебна приказна, а во продолжение ќе ви ја претставиме приказната на Ивана.

Маркетинг

„Јас сум човек кој секогаш се радува кога ќе си купи книга, сакам да читам, сакам да лежам некаде на плажа на сонце, да се сончам и да читам“

Како започна твојата приказна на телевизија? Дали отсекогаш си сакала да бидеш водителка на ТВ или тоа се случи сосема случајно?

Оваа приказна започна благодарение на мојот татко, тој работеше во весник и во радио, живееше за новинарството, истражуваше и пишуваше со таква љубов и емоција што едноствно не можеше да не го приметите колку многу ја сака својата професија. На 6 годинки се сеќавам ме однесе во радио, ме седна пред микрофонот и ми рече „Ајде зборувај“ и така почна се :). Од тогаш па еве до ден денес немам престанато да се дружам со микрофонот, без разлика дали било тоа на радио или на телевизија. Наизменично работев и во двата медиуми, на крај откако започна соработката со Маркетинг Микс решив целата енергија да и ја посветам на телевизијата и емисијата НА ШАНК

 

Кој од светските ѕвезди или модни икони би сакала да биде гостин во твојата емисија и што би сакала да ги прашаш?

Ја сакам Мерил Стрип, таа за мене е изреализирана жена, модна икона и вистинска дама! Би ми било задоволство да направам интервју со неа, да ми ја раскаже својата приказна, да го сподели своето искуство, да раскаже за сите интересни моменти за време на снимањата и да ја запознаам вистинската Мерил Стрип онаа Мерил кога ќе се исклучи камерата!

Како би се опишала себе си во неколку реченици? Која е твојата животна Absolute Me приказна?

Јас сум девојката која секогаш се смее, без разлика на тоа колку тешки моменти поминав во животот секогаш ги паметам само убавите и ги бројам само нив!

Се радувам што можам да ја работам оваа професија, што имам привилегија да запознавам секојдневно многу интересни луѓе и да научам толку многу работи. Јас сум човек кој секогаш се радува кога ќе си купи книга, сакам да читам, сакам да лежам некаде на плажа на сонце, да се сончам и да читам :) Мојата Absolute Me приказна е со многу слики од луѓето кои ги сакам, од цвеќиња зошто ги обожавам и сите мали работи кои секој ден ме прават толку многу среќна како кафе, чоколадо, омилената песна на радио ….

„Mногу пати ќе излезам да купам рамни обувки, а ќе се вратам дома со нов пар високи потпетици!“

Кои ти се омилени продавници за облека во Скопје кои редовно ги посетуваш?

Бутик Инфинити е местото каде секогаш го наоѓам тоа што го барам! Во принцип верувале или не сум човек кој мрази шопинг. Заморно и напорно ми е да шетам по продавници, јас сакам да влезам на едно место и таму да најдам се!

За шопинг се одлучувам многу тешко и обично тоа е кога навистина ми треба нешто како ново и старите парчиња веќе не можам да ги носам. :)

Омилено парче во твоите плакари?

Високите потпетици! :) Можам да преживеам без сите парчиња облека но без моите штикли не! Тие ми се омилени, ги имам истиот модел во различни бои, вртоглаво се високи но неверојатно удобни и без нив не одам никаде!

По што се разликува изборот на облека за на работа од секојдневните комбинации што ги носиш кога одиш на кафе со пријателките?

Нема некоја голема разлика зошто кога сакам да се дотерам се дотерувам, а кога ме мрзи тогаш тоа се само панталони, маичка и рамни обувки, парчињата облека што ги носам на снимање на емисијата На Шанк често пати завршуваат во мојот плакар па си ги носам и приватно, зависи од пригодата.

Дали повеќе преферираш високи потпетици или рамни обувки?

Дефинитвно високи потпетици, многу пати ќе излезам да купам рамни обувки, а ќе се вратам дома со нов пар високи потпетици! Едноставно не можам да им одолеам

Која е твојата омилена боја на кармин за оваа пролет?

Тоа би било темно лила нијанса или нежно розева.

Фустан или фармерки?

Фустан, секогаш ми е полесно за комбинирање :)

Добра маскара или вештачки трепки?

Зависи од пригодата, ама сепак би рекла добра маскара

Диета или вежбање?

Вежбање! Ништо не се постигнува со изгладнување, добро тело се прави со вежбање. Возам ролери и трчам.

Трчање во природа, велосипед или вежбање во теретана?

Трчање во природа, теретаните воопшто не ги сакам, а велосипед за жал не знам да возам, но затоа уживам со ролерите

Омилен филм или книга што си ги гледала во последно време?
Ретко да начекам добар филм во последно време, но затоа последно прочитана книга во еден здив ми е „Под мермерно небо“ роман од Џон Шорз, преубава љубовна приказна која се врти околу изградбата на Таџ Махал

Кои се твоите омилени ресторани во Скопје?

Во последно време одам на места каде има добра храна, рибните ресторани и ресторани кои се подалеку од грдскиот метеж и гужва, не гледам каде има музика или луѓе, гледам каде има добра услуга и уживање во оброкот!

А каде можеме да те сретнеме на кафе и каде излегуваш?

На кафе одам секогаш на различни локации зависи од друштвото се наоѓаме на пола пат J Но најчесто се тоа малските кафичи зошто ја сакам нивната автентичност и интима!

Која од двете главни награди на кампања на BU би ја избрала ти -iPhone 7 32 GB Rosegold или 2 карти за EXIT фестивал?

Лименки со новиот парфем, зошто го обожавам!

И за крај, дали го проба новиот Absolute Me мирис и дали ти се допаѓа?

Секојдневно го носам само него, ме потсетува на пролет, толку е лесен и женствен, цветните ноти освојуваат веднаш! Уживам во него!

 

 Ова беше приказната на Ивана, а која е твојата?

Ги повикуваме сите девојки да ја креираат својата „Absolute Me” приказна на нашата веб платформа. Се што треба да направите е да се регистрирате преку Facebook или преку вашиот e-mail, да ги пополните бараните информации, да изберете наслов и да започнете со креирање на вашата „Absolute Me“ приказна за која следуваат специјални подароци!

Главна награда – iPhone 7 32 GB Rose gold

Вашата приказна треба да содржи 5 фотографии или видеа кои ќе ги објавите во најмалку два различни дена кои не мора да бидат последователни, туку можете да ги објавите за целото време додека трае кампањата. По комплетирањето на вашата приказна (со објавување на фотографиите или видеата), можете да креирате и сопствено видео кое ќе содржи некои од вашите фотографии и истите ќе можете да ги споделите на социјалните мрежи. Фотографии и видеа ќе можете да прикачувате се до крајот на конкурсот. Секоја недела ќе се избира „Приказна на неделата” која ќе биде наградена (ќе бидат доделени 30 B.U. Absolute Me сетови со тоалетна вода 50 мл и дезодоранс 150 мл), а на крајот жирито ќе ги одбере добитниците на главните супер награди (iPhone 7 32 GB Rose gold и 2 карти за EXIT Festival).

{youtube}fqnuf7qn4zk{/youtube}

Кампањата започнува на 15.03.2017 година и ќе трае до 15.05.2017 година.

Па, кликни тука и започни ја твојата приказна!

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button