Реклама
Интервју

5 минути со Цеце Котевска и Бојана Бораниева од Pole People Skopje

Реклама

Pole People Skopje е првото студио кај нас, специјализирано за фитнес и танц на шипка. Функционира речиси три години, а од пред некоја недела се отвори  и нивното второ студио со локација во Центар.

Сопственичките на студиото, Цеце Котевска и Бојана Бораниева, кои ги водат тренинзите, сакаат да го приближат овој модерен и интересен спорт до луѓето и да ги скршат табуата и предрасудите. Со отворањето на новото и поголемо студио во Центар, од пред еден месец имаат и “појачување” од страна на Наталина Синдилиева, новата инструкторка по PoleFitness, обучена во нивното студио по „нивна школа”.

Маркетинг

На старата локација во Кисела Вода, се одржуваат тренинзи по пилатес и „BodyFlow“. Тренинзите по пилатес ги води Ивана Топаловска, искусен пилатес инструктор, а балерината Ивана Коцевска е задолжена за часовите по „BodyFlow“.

Маркетинг

Amber Ray, Maria Contreras, Ana de Carvalho, Justine Mclucas, Michele Stanek, Vesna Prckovska, Marion Crampe

Покрај фитнес на шипка, пилатес и „BodyFlow“ во нивното студио можете да посетувате и тренинзи по Акробаланс (повеќе информации тука), водени од нашите најдобри гимнастичари Петар Стојановски и Орце Наумовски.

Anastasia Shoktorova

Од постоењето на Pole People Skopje, па се до денес, Цеце и Бојана се имаат претставено како предавачи на првиот Mind, Body and Spirit Festival, а исто така и на светскиот Pecha Kucha настан, на кој Скопје за прв пат беше домаќин пред 2 години.

Michelle Stanek

Имаат посетено повеќе интернационални работилници во Грција, Шпанија, Словенија, Хрватска, со врвни тренери од областа на Pole Fitness-от, каде постојано ги надоградуваат и усовршуваат своите вештини и познавања од овој спорт.

Dasha Sovik Workshop

Во два наврати имаат и самите организирано работилници со конторзионистката Даша Совиќ, од светски познатиот циркус „Cirque Du Soleil“, а во соработка со гимнастичарскиот клуб Орце Николов од Скопје и со огромна поддршка од гимнастичарите Петар Стојановски, Марко Гоцевски и Сања Влаисављевиќ. На работилниците, покрај трикови на шипка, опфатени беа и тренинзи за конторзија и флексибилност, акробаланс и тренинг за стој на раце. Највавуваат и нови интересни работилници во новата 2016-та.

Evgeny Greshilov

„Pole People Skopje“ може да се пофали и со првиот  сертифициран интернационален судија за спортови на шипка во Македонија. Имено, Цеце, по успешната обука за судии во Германија, го доби првиот сертификат за судии за „Pole Sports“ кај нас, издаден од ИПСФ Интернационалната федерација за спортови на шипка. Со тоа стана и првиот обучен и сертифициран судија по спортови на шипка во Македонија, а зад себе има и еден натпревар, во Тел Авив, Изреал, како дел од судиската 5-орка на првиот Израелски Национален натпревар, предводена од Петра Ларсон.

„Со редовност, упорност и добри инструкции и насоки од нас, сите работи кои можеби на почеток ќе ви изгледаат невозможни, стануваат лесни“

Croatia Pole Theatre, Pula

Ова е нов спорт кај нас. Каков е одѕивот на девојките? Има ли заинтересирани за вежбање на шипка?

Студиото почна со работа на почетокот од 2013-та година. До сега низ студиото поминале многу девојки и неколку момчиња, а заинтересираност секогаш постои и токму поради тоа и се преселивме во поголем простор, за да можеме да одговориме на заинтересираноста.

Dasha Sovik Workshop KGS Orce Nikolov Skopje

Вие сте професионалци во областа, но кажете ни на нас лаиците – тешко ли е да се прават овие вежби?

Како и во секој спорт, така и во овој, мора да почнете од почеток, се со цел да стигнете до некое понапредно ниво. Во секој случај, без добра основа, не може да се надградувате, па почетните вежби се задолжителни, без разлика колку изгледаат лесни или досадни. Со редовност, упорност и добри инструкции и насоки од нас, сите работи кои изгледаат невозможни, стануваат лесни :).

Дали овој спорт е наменет за луѓе кои веќе имаат претходно искуство или има и тренинзи за почетници?

Студиото работи според однапред утврдена програма, а претходно познавање на друг спорт, може само да ви помогне во полесно совладување на одредени движења, но секако не ве класифицира во понапредно ниво ниту е предуслов за да ги посетувате нашите тренинзи.

Tel Aviv Judging Panel

Дали за да се занимаваш со овој спорт треба постојано да си во форма? Потребни ли се и други вежби за одржување на формата?

Како и за останатите, така и за овој спорт, кога си почетник – тогаш си почетник, понатака си ја градиш и одржуваш формата. Секој кој сака да вежба, се што треба да направи е да дојде на тренинг. Формата и кондицијата секој ќе си ја стекне со редовност, упорност, и секако да ги слуша инструкциите на тренерите :) .

Tel Aviv Winners

Покрај вежбите на шипка дали правите и други вежби? Кои?

Правиме различни типови на загревања, тегнења, силови и кондициски вежби, во зависност од тоа што на конкретниот час ни е на ред за учење. Кога групата ќе совлада одреден број на движења на шипка, истите ги преточуваме во една единствена кореографија на одредено парче музика.

Marion Crampe

Како всушност изгледа еден ваш тренинг?

Започнуваме со загревање, потоа следи тренингот на шипка и на крај се тегнеме и релаксираме.

„Секој кој сака да вежба, се што треба да направи е да дојде на тренинг. Формата и кондицијата ќе си ја стекне со редовност, упорност, и секако да ги слуша инструкциите на тренерите“

Дали трчате?

Приватно и двете се занимаваме и со други спортови, покрај тренинзите на шипка. Планинариме, трчаме рекреативно, секој за сопствена цел. Редовни сме на Wizzair Скопски Маратон, 5км, 21км, оваа година сакавме да трчаме и штафетен, меѓутоа маратонот не се одржа ради настаната безбедносна ситуација. Како ние, така и голем дел од нашите членови се занимаваат и со други спортови и танци, и бележат големи успеси на тие полиња (пр. Карате, гимнастика, планинарење, Spartan race, мечување, танго, capoeira и уште многу други -нека не извинат ако ги заборавивме)

Sofia Polelesque, Valentina Limpido

Како најчесто се облекувате за на тренинг и каква облека се препорачува за овој вид на тренинг?

Различни нивоа бараат различна облека. Почетниците вежбаат во хеланки или било која друга комотна облека, додека пак, кај понапредните групи, потребен е контактот на кожа кој помага во изведување на одредени фигури и вртења. За загревање некогаш вежбаме со патики, во зависност од типот на загревањето, додека самиот тренинг на шипка се вежба со боси стапала или по чорапи.

Judges Trainig with Lorenza Perrone, Deutschland

Дали ги разменувате вашите искуства со останатите девојки од светот кои се занимаваат со овој спорт?

Досега имаме посетено повеќе интернационални работилници од кои би ги издвоиле работилниците со професионалците на овие полиња како Кристијан Лебедев, Евгени Грешилов, Марион Крампе, Анастасиа Шкокторова, Мишел Станек, Даша Совиќ, Ана Де Карваљо, Амбер Реј, Џастин МекЛукас и други. Во одличен контакт и соработка сме и со студија како Pole Dance Factory од Барселона, односно Марија Контрерас сопственичката на истото, тука се и Николина Јуришич од Пула, Анита и Зоран Симиќич, Сунчана Паровидолин, Валентина Лимпидо од Dancing School Gorizia and Dancing School Monfalconeи така натака.

Nikolina Jurishic

Дали во вашиот клуб имате девојки кои се подготвени за светски натпревари и дали сте учествувале досега на некои од нив?

Секако дека имаме девојки кои се потенцијални учеснички, меѓутоа до сега се уште не сме учествувале никаде како натпреварувачи. Имаме посетено натпревари, но во функција на судии или само како посетители.

Kristian Lebedev

Како всушност почнавте да се занимавате со овој спорт и од каде дојде идејата да отворите ваше студио?

Ние започнавме со тренинзи некаде во 2008-ма година и немавме реален план за отворање на студио. На почетокот сакавме да си вежбаме за нас чисто рекреативно. Кога ги завршивме нашите обуки, се роди идеја да отвориме работилници, за да го доближиме спортот до пошироката јавност. Во процесот на барање на простор за работилница, постепено идејата се измени и решивме да пробаме со отворање на студио. Еве после три години, студиото се уште функционира и сме многу среќни поради тоа, а интересот е се поголем и поголем.

Каде се наоѓа вашето студио и што би им порачале на оние девојки кои сакаат да дојдат и да почнат со тренинзи, но се уште се двоумат?

Во моментов функционираме на две локации. Во старото студио (Кисела Вода) се тренизните по пилатес и BodyFlow, а во новото студио (Центар) се тренизните по шипка и повторно се активираат тренизните по акробаланс. Сите оние кои се заинтересирани можат да ни се обратат и да им одговориме на сите прашања кои ги имаат. Во секој случај, сите треба да го вежбаат оној спорт кој ги прави среќни и во кој се пронаоѓаат, независно дали е тоа фитнес на шипка, аеробик, пилатес, крос фит, пливање, карате, трчање, планинарење, гимнастика, како спортска така и ритмичка, уметничко лизгање, ракомет, хокеј, куглање и така натака …

Кликнете тука и посетете ја нивната Фејсбук страна »

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button