Пет прашања и пет фотографии со Билјана Радиновска, режисерката на култната претстава „Да го поздравиш и да ми го бациш“
Билјана Радиновска е млада театарска режисерка која со своите претстави и проекти сосема го прикажува она „светско, а наше“.
„Во четврто одделение напишав/режирав претстава (не знаев тогаш дека тоа е професија, само знам дека ми беше интересно ) која се викаше „Среќа во несреќа“.“ Маркетинг |
Таа има дипломирано театарска режија на Факултетот за драмски уметности во Скопје, иако не секогаш била сигурна дека тоа е нејзината точна вокација. Јас сум сигурна дека сепак, ја погодила вокацијата. Билјана верува дека најмногу е дефинирана од летните престои кај баба и’ во село Јаргулица каде била под силно влијание на нејзините баби и дедовци, кои таа ги нарекува „бастионите на моето разбирање на светот а од таму и на уметноста и театарот“. Таа веќе има доста успешни режисерски проекти зад неа- како „Мизантроп“, „ Звукот на коските што се кршат“, „ Хаусситери“, „ Привид“, „КонФузија“, „Федра“, „Човекот кој го изеде светот“, „Зад кулисите/Да го заборавиме сето она кое не се случи меѓу нас“ како и последната „Да го поздравиш и да ми го бациш“, па затоа со неа позборувавме (малку низ фотографии) за нив и за нејзината претстава за театарот.
Кој ти беше првиот допир со театарот?
Има две теории: Според мене- имавме детективска агениција како мали со сестра ми и братучедите во подрум и измислувавме приказни. Во тие моменти цела куќа стануваше сценографија за нас. Многу бевме посветени и сериозни. Според мајка ми- е во четврто одделение кога напишав/режирав (не знаев тогаш дека тоа е професија, само знам дека ми беше интрересно ) претстава „Среќа во несреќа“ се викаше. Едно од овие две е веројатно првиот допир.
Што е театарот за тебе?
Цртежов е на Boyon Keem и е најблиску до тоа да опише некое сознание за ова прашање.. некогаш мислам дека е побитно што можам да му бидам јас на него. ..
Моментално ти е актуенла феноменалната претстава „Да го поздравиш и да ми го бациш“. Како го совлада тој процес на работа, за да се постигне толку моќно дело?
Не бев сама, туку со …
Наташа Петровиќ, Симона Спировска – Костовска
Бојан Кирковски и Ненад Митевски
Сега си на постдипломски студии во Амстердам, Холандија. Какво ти е искуството таму?
Школото е DasArts скоро се прекрстија во DasTheater , и е дел од Универзитот за уметности Амстердам. Програмата е лабараториско-истражувачка . На почеток сум, само што помина прв семестар. Во многу интересно интензивна програма сум, учам многу, предизвикана сум креативно, интелектуално и емотивно. Како што би рекла (другарка ми) Чаки, сакав да се пробам во друга лига и мерак ми е што имам прилика да се развивам.
5. Дали спремаш некој нов проект за во Македонија?
Да.
Оваа слика е всушност одговорот на Билјана на последното прашање…
Фотографија и текст: Ерина Богоева