Реклама
Интервју

5 прашања и 5 фотографии со Лилика Стрезоска – фотографка чии дела нé тераат да сонуваме

Реклама

Лилика Стрезоска по школување е лингвист, но попозната јавно е како фотограф со екстремно истенчено чувство за фотографии полни со чувства.

Секој нејзин портрет не’ тера да сакаме да ја запознаеме личноста која таа ја портретирала, а секоја нејзина фотографија од градови или места не’ тера да сакаме да ги посетиме локациите како што таа ги доживеала. Лилика до сега била дел од многу групни изложби, но својата прва самостојна изложба насловена „5 минути“ ја има во 2015та година во Скопје. Со Лилика позборувавме малку за нејзиниот процес на фотографирање, како и за поврзаноста со Берлин.

Маркетинг

Од идеја, до краен продукт- кој ти е омилен дел од процесот на создавање на една фотографија?

Јас ќе тргнам од неомилениот дел, дека моментално сум таму, самиот факт дека на една идеја – со која живееш и ја негуваш – и’ доаѓа крајот, процесот на напуштање на таа илузија за мене е бескрајно тажен, но доста креативен. Најомиелниот ми е оној кога после одреден период на двоумење, на трпење промени, на откажување, на повторно продолжување, има еден блиц момент кога знаеш како идејата да ја собереш во едно нешто. На секоја идеја е многу битно да и’ се даде доволно време, без разлика на тоа колку болки ќе голтнеш во себе :)

Маркетинг

„На секоја идеја е многу битно да и’ се даде доволно време, без разлика на тоа колку болки ќе голтнеш во себе :)“

Оние кои те следат на Инстаграм (@lilika_phototemple/) сигурно го воочиле твојот уникатен #тисиодмарс/#youarefrommars. Каков концепт претставува тоа?

Ти си Берлин, Јас Виена, Ти си од Марс, Јас од Венра. Уникатен е моментот како јас се закачив на овие зборови и не мислев дека ќе се најдам на Марс утредента. Ова е приказна за тоа колку луѓето можат да бидат далеку едни од други, за зборовите кои тежат, за безусловната љубов и бескрајното мечтаење, за магичните луѓе кои сакаш да се покрај тебе – ама за жал се на друга планета.

Неодамна неколку твои фотографии беа изложени во Берлин. Како дојде до оваа соработка?

Пред да одам за Берлин имаше конкурс за уметници кои сакаат да ги изложуваат своите дела во галеријата “ Berlin Blue Art Space’’. Тие потоа избраа 2 мои фотографии кои беа дел од групната изложба насловена како „XXS Summer edition’’.

Во што константно наоѓаш инспирација?

Во просторот каде што тлеат неискажани зборови помеѓу две личности.

Твоите портрети се константно многу уникатни. Која позната личност би сакала да ја портретираш?

Би сакала да поминам еден ден и да ја фотографирам Бриџит Лакомб.

Фото и текст: Ерина Богоева

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button