Реклама
Интервју

Пет прашања и пет фотографии со Марија Илиќ, ПР менаџерката на Моден викенд Скопје

Реклама

Марија Илиќ ја запознавме како ПР-от на Моден Викенд Скопје, но во последниве пет месеци работи и како дел од тимот на прекрасниот, петѕвезден „Парк Хотел &Спа“.

Комуникацијата и’ е една од најјаките страни, а најголемата љубов и’ е новинарството. Жената чијашто работа и’ е дел од организацијата на најголемото модно случување кај нас за себе кажува дека е „оптимист и реалист ‘без влакна на јазикот’“ и веднаш остава впечаток на професионалец. Марија ни раскажа малку за нејзините ПР искуства, како и за Модниот Викенд и неговата претстојна сезона.

Маркетинг

Кои беа твоите почетоци во ПР сферата во Македонија?

Освен што сум дипломиран новинар и што повеќе години работев во неколку медиуми, приказната со Моден викенд Скопје ми се случи сосема неочекувано. Таа година живеев во Италија и бев вратена во Скопје на кратко. На покана на тогашниот Креативен менаџер на Моден викенд , Горан Сиџимовски станав дел од тимот. И еве ја терам својата седма сезона на истото место. :)

Маркетинг

Колкава улога играат социјалните медиуми во една ПР кампања кај нас?

Во време кога луѓето се „преселени“ на смарт уреди некогаш ни се чини дека буквално се се одвива токму на социјалните медиуми. Поради можностите кои ваквиот тип на медиуми ги нудат, брзината, неверојатниот број на корисници до кои допира она што имате да го презентирате – социјалните медиуми се, би рекла најпродорната алатка. Секако се зависи која ви е целната група но за настан како Моден викенд Скопје, апсолутно-најдобрата. Денешните вести веќе се вчерашни неколку пати додека излезат во печатените весници.

Модниот викенд во Скопје има долга и убава традиција на одржување настани. Кои се главните предизвици на пр менаџер на такви настани?

Пред се да најдете најдобар начин да го пласирате настанот. Да бидете присутни во медиумите кои ги следи вашата публика. Не е битна само бројката на објави кои ги имате во прес клипингот. Некогаш и три објави на „вистинското место“ имаат поголем ефект отколку 20 објави онаму кадешто не допираат до вашиот таргет. Во нашата држава каде имате малку медиуми кои се комплетно ориентирани на мода и убавина, тоа знае да биде отежнувачка околност. Да не заборавиме дека Моден викенд Скопје има и комерцијална страна така што повеќе алки од синџирот треба да се спојат.

Дали имаш некоја омилена случка од Модниот викенд?

Екипата на Моден викенд Скопје е речиси иста долго време, се познаваме многу добро и во периодите пред и за време на настанот функционираме како едно семејство. Ги сакам дружењата со новинарите, забавите по ревиите, насмевките на задоволните дизајнери и на оние кои учествуваат за прв пат на Моден викенд а денеска се познати имиња.

Што се очекува од овосезонското издание на Модниот Викенд во Скопје?

Оваа сезона покрај имињата кои се веќе докажани, имаме група на млади дизајнери за кои допрва ќе се слуша. Како и секоја сезона и оваа се разликува комплетно од претходните така што не очекува ново возбудливо издание. Забавите и незаборавните дружби се неизоставен дел од Моден викенд Скопје. Не смеете да го пропуштите!

Текст и фотографија: Ерина Богоева

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button