Реклама
Блогерија

Што ќе носат македонските модни блогери на Новогодишната ноќ: Илина Драгославска

Реклама

Македонските модни блогери ги споделуваат со нас нивните идеи за новогодишната ноќ, а ние без двоумење за мислење се обративме и кај Илина Драгославска од блогот The chronicles of Vivian Darkbloom која наедно е една од основачките на Macedonian Fashion Bloggers и го води модниот портал Dihmension.

Сигурни сме дека нејзините совети ќе ви помогнат да го направите вистинскиот избор:

Маркетинг

Иако е зима, мое мислење е дека и во овој период треба да останеме верни на сопствениот стил, а дури и да преземеме модни мерки за постигнување на посмел изглед. Сè уште се двоумам за мојот новогодишен изглед и која комбинација да ја изберам. Моите предлози, а и комбинациите помеѓу кои се двоумам се следните, а се надевам дека можеби истите ќе ве инспирираат и вас:

I. Комбинација

Маркетинг

Cutout фустаните се голем моден тренд оваа сезона, иако истата е за некои 15 степени поладна од летната. Мислам дека една девојка треба да има одредена храброст за да се појави во јавност со ваков фустан.

Особено омилени ми се фустаните со пресеци на страничниот дел од половината, но и тие кои имаат класичен midriff се одлични.

Ми се допаѓаат овие фустaни токму поради тоа што се предизвикувачки и покажуваат одредена смелост, но и поради тоа што ја отсликуваат мистеријата која може да ја покаже една девојка/жена со тоа што открива само мал дел од нејзините атрибути, а останатото го остава на имагинацијата.

II. Комбинација

Доколку се одлучам за овој изглед, би одела со фустан во повесела боја, а не црна, минимален накит и чевли со благ шпиц со светки.

Комбинациите составени од кожни елементи, без разлика дали се тоа кратки или долги пантолони, пеплум маички, а дури и сукњи со висок струк во комбинација со маички со гола половина e мојот втор избор зa оваа Нова Година.

Тренд кој е присутен од пролет 2013 и кој се уште останува актуелен. Ако не ви пречи годишното време и сакате да сте храбри и модерни, тогаш ова е вашиот избор. Експериментирајте и бидете инспирација на останатите. Минималниот накит е мој избор и за оваа комбинација, а и изборот на чевли останува ист.

Тоа што би го променила е изборот на бои, во овој случај би избрала минималистичка комбинација, црно на бело или all-black-everything.

Автор: Александра Спасеска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button