Трагачи по среќа или љубовници: Дознајте што сте биле во минатиот живот според годината на раѓање, но и што ве чека во иднина
Дознајте што сте биле во минатиот живот, што ве чека во иднина.
Трагачи по среќа
Години: 1927, 1936, 1945, 1954, 1963, 1972, 1981, 1990, 1999, 2008, 2017
Минато
Во минатиот живот сте биле цар, крал, владетел или сте припаѓале на високо племство.
Сегашност
Просперитетот постојано ви бега. Во втората половина од животот ќе имате повеќе среќа и на крајот- ќе бидете задоволни со судбната. Страсно го сакате спротивниот пол, но не сте промискуитетни. На сите полиња трагате по среќа и длабоко задоволство. Склони сте кон депресија.
Иднина
Следниот живот ќе го поминете во планина како самотник или екстремен спортист.
Романописци
Години: 1926, 1935, 1944, 1953, 1962, 1971, 1980, 1989, 1998, 2007, 2016
Минато
Во предминатиот живот сте биле син на демон, а во минатиот канибал. Сте поминувале многу време лутајќи низ световите.
Сегашност
Можно е да бидете писател на научна фантастика или хорор романи. Имате силна харизма и би можеле да станете политичар, говорник или водител. Зборувате малку, но остро, а поради своите необични однесувања често се сретнувате со зависта и омразата.
Иднина
Во паралелниот универзум ќе бидете дух, а во овој монах.
Уметници
Години: 1925, 1934, 1943, 1952, 1961, 1970, 1979, 1988, 1997, 2006, 2015
Минато
Во некој од минатите животи сте биле диктатор кој погубил илјадници луѓе, потоа сте биле канибал и најпосле слон.
Сегашност
Никогаш не ви се доста пари, моќ, слава… Неодлучни сте и амбивалентни. Можно е да имате неколку пропаднати бракови. Пазете се од луѓе кои сте ги понижувале, во некој од наредните животи би можеле да се збогатат и да ви се одмаздат.
Иднина
Во некој од следните животи ќе бидете уметник.
Љубовници
Години: 1924, 1933, 1942, 1951, 1960, 1969, 1978, 1987, 1996, 2005, 2014
Минато
Во минатиот живот сте биле конкубина на император.
Сегашност
Често ќе се чувствувате како роб на љубовта. Поднесувате големи жртви поради партнерот. Вие сте верен и чесен пријател, добар човек. Сепак склони сте кон негативна перцепција на реалноста, па затоа понекогаш сте цинични или зајадливи.
Иднина
Во наредната реинкарнација ќе бидете фото-модел.