Реклама
Блог

Господине Заев, покажете доблест и донирајте ги парите од клевета на овие деца кои трпат за леб и вода!

Реклама

Деновиве благодарение на социјалните мрежи дознавме за хуманитарната акција која ја организираат граѓани на Штип за да се соберат средства за помош на едно тричлено семејство кое живее во екстремно тешки услови, меѓу другото и без струја.

Станува збор за самохрана мајка со две малолетни ќерки – 14 годишната Станка и две години помладата Тијана, кои преку вестите на една локална телевизија ги допреа срцата на сограѓаните кои решија да се организираат и да донираат средства за помош на семејството.

Маркетинг

Имено, во недела, на 04 октомври, се планира да се одржи хуманитарен пикник во Штип на кој ќе можат да дојдат сите заинтересирани хумани граѓани и да донираат средства за двете малолетни девојчиња и нивната мајка. Организаторите на акцијата објавија и список со предмети кои му се потребни на семејството кое дури и својот плакар го искористиле како дрво за греење. Потребни се храна, хигиенски и школски прибор, врати, кваки, чевли, патики, компјутер, прозорци и т.н., односно сé она што е потребно за еден достоинствен живот на кој сите имаат право. Исто така, се повикуваат и хуманите граѓани кои се во можност да донираат пари со кои би се платила сметката за струја од 47.000 за да може ЕВН повторно да им ја вклучи струјата.

По некоја случајност, во истиот ден кога на социјалните мрежи се прошири вестата за трагедијата која го снашла ова штипско семејство, исто така се појави и веста дека господинот Заев треба да добие отштета од 150.000 денари поради нарушена чест и углед од еден штипски бизнисмен. Преклопувањето на овие две вести логично доведе до раѓање на оваа идеја, па така, би сакале јавно да го повикаме господинот Зев да ги донира овиие средства за семејството Карчови (ова се однесува и до сите други политичари кои на еден или друг начин можат да му помогнат на ова семејство). Ова би била огромна помош за нив, која ќе им овозможи за почеток да го подмират долгот кон ЕВН, како и да ги платат и останатите заостанати сметки кои веруваме ги имаат во поголем број. Можат исто така да купат и дрва за да ги преживеат студените зимски денови без да мораат да собираат прачки од кисели дрва од околината или да го кршат и трошат и така дотраениот мебел за огрев.

Маркетинг

{youtube}DUi1CIg7Zkg{/youtube}

Овој случај може да биде добра основа за опозицијата на пример да вклучи во својата програма предлог закон за обезбедување на одредена количина на бесплатна струја за екстремно загрозените семејства (ја спомнавме опозицијата, бидејќи токму тие на следните избори ветија дека ќе настапат со отворена програма, па еве го нашиот прв предлог за нив!). Ова би можело да се направи преку социјалните служби во сите општини, така што граѓаните кои ќе докажат дека се социјално загрозени ќе можат да добијат статус на енергетски заштитени купувачи.

Ваков закон пред неколку години се донесе во соседна Србија, па зошто истиот или сличен да не се примени и кај нас кога сите знаеме дека има региони во кои цели населби не плаќаат струја, а од друга страна на некои семејства им се исклучува струјата за две неплатени сметки! Па, наместо тоа да биде законски и праведно, а оние најсиромашните кои реално немаат пари за струја, да бидат ослободени од плаќање и да добиваат само одредено количество струја, поради неплаќачите поскапа струја треба да плаќаат сите оние кои редовно ги плаќаат своите сметки. Токму за тоа денес пишуваа и некои критички медиуми, кои доставија сметки на луѓе од самиот врв на политиката (види тука), кои не плаќаат со години сметки за вода и смет и за струја, и наместо извршителите да им ги наплатат астрономските сметки, истите ги плаќаат сите граѓани на оваа земја со мерки како што се укинување на евтината струја. Секако дека од оваа неправда најмногу страдаат најсиромашните, за кои оваа држава многупати покажа дека е маќеа додека за оние најбогатите е и повеќе од мајка.

Исто така, сличен закон со кој би се помогнало на најранливите категории, пред неколку години беше донесен и во соседна Грција, и покрај тоа што во Европската унија, во согласност со нивните директиви, земјите мораат да ја дефинираат енергетската сиромаштија. Покрај ова, тие мораат да ги дефинираат и мерките за помош со кои на таквите семејства, кои влегуваат во ризичните групи, би им се ублажиле проблемите. На овој начин би се создале услови за достоен живот на сите домаќинства кои живеат под границата на минимумот со цел да им се обезбедат основните услови за живот, а ние како држава, доколку сакаме да градиме нормално општество, не смееме да заборавиме на социјално загрозените граѓани, како и на старите и болните, на кои секојдневно им се исклучува струјата и им доаѓаат тужители и извршители, впрочем како што е и случајот со семејството од видеото од кое самите можете да ги видите мизерните услови во кои живее самохраната мајка со своите две малолетни деца.

Па, господине Заев бидете доблесен и направете го првиот чекор. Донирајте ги парите кои ќе ги добиете како отштета за помош на ова прекрасно семејство и помогнете им во нивната борба со суровата реалност. Понатаму, преку институциите на системот можете да се обидете да им го олесните животот и на другите загрозени семејства со соодветни олеснувања во однос на обезбедувањето и плаќањето на електрична енергија.

Покажете дека не сте како другите политичари! Вклучете се во оваа акција и помогнете му на народот што страда поради едни или други причини.

Овој апел секако дека се однесува и на сите останати политичари и граѓани кои ги повикуваме да покажат хуманост и човечност и да излезат во пресрет на ова семејство, но и на сите други сиромашни семејства кои ги има во изобилство.

Сите кои сакаат да помогнат можат да видат како на следниов линкот тука »

Фото: Youtube Телевизија Стар

Робин Худ Џуниор

 

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button