Реклама
Хороскоп

Хороскопски знак на кој ретко кој се осмелува да му замери

Реклама

Најдобро се сложува со Рибите и Лавовите, а мана им е што се многу одмаздољубиви.

Најдобро се сложува со Рибите и Лавовите, а мана им е што се многу одмаздољубиви. Дали некогаш сте се запрашале кој е најголемиот одмазник во Зодијакот? На кој едноставно не смеете да му замерите? Во прашање е токму Скорпијата. Скорпиите често оставаат впечаток на студени и рамнодушни личности, но тоа е само нивен оклоп кој другите мора да го пробијат за да се спријателат со нив. Внатрешно, тие се едни од најдобрите пријатели кои некој може да ги посака. Ним е потребен некој кој ќе ги разбира, но и некој кој ќе биде толку искрен колку што се и тие самите.

Маркетинг

skorpii

Со нив никако не смеете да влегувате во жестоки кавги, затоа што како непријатели се навистина незгодни. Интелигентни се, многу храбри и одмаздољубиви. Долго време ќе ги паметат навредите, а имаат и многу развиена интуиција при што однапред може да почувствуваат кога имаат закана. Нивната најизразена особина е воздржаноста, при што може да ви изгледат по малку таинствени. Никогаш не дозволуваат лесно да навлезете во нивните интимни и скриени делови, а своите слаби точки успешно ги кријат од другите. Она што во многу случаеви им дава предност е длабоката и силна интуиција, при што лесно може да ја разликуваат лагата од вистината, доброто од злото.

Маркетинг

Доколку проценат дека живеат во не толку добра околина, тие имаат сила да се оттргнат и да живеат сами. Доколку никој не сака да отиде со нив, тие самите тргнуваат да ја откриваат смислата на животот и светот. Своите тајни нема да ви ги откријат, но ќе се трудат многу за да ги дознаат вашите најскриени делови, со цел да владеат. Не поднесуваат закани и уцени.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button