За некои луѓе се вели дека се родени под среќна ѕвезда, бидејќи што ќе посакаат тоа најчесто и го добиваат од животот.
Можеби не се родени под среќна ѕвезда, но се родени во вистинскиот хороскопски знак. Овие два знака убедливо се најголемите среќници во зодијакот.
Близнаци
Тие се секогаш на вистинското место во вистинското време. Зборлести се, умеат да го забавуваат целото друштво и луѓето просто ги обожуваат. Од секој ситуација се извлекуваат со шарм. Тие се одлични манипулатори, а со голема леснотија им се вовлекуваат на луѓето под кожа. За нив велат дека “умеат жедни преку вода да ве пренесат“. Близнаците се ведри и остроумни и невозможно е да не ги забележите. Не поднесуваат монотонија. Имаат две различни страни на личноста и никогаш нема да знаете со која зборувате. Двата близнаци лесно се прилагодуваат на животното опкружување, поради што е пак привилегија да ги познавате и имате во вашиот живот. Многу се друштевни и забавни. Тие никогаш не мируваат, па не е ни чудно што обично имаат многу хобија и интереси. Често се снаодливи и лојални, па одлично се снаоѓаат во различни сегменти од животот. Во нивно друштво никогаш нема да ви биде досадно, некогаш знаат да бидат површни и таинствени. Знаат да бидат експресивени и остроумни.
Пред да стапнете на лудиот камен: дознајте ги доблестите и мааните на секој знак од зодијакот >>
Стрелец
Знак на среќата, веселбата и егзотиката. Секогаш подготвен за нова авантура со блескава насмевка на лицето. Нему му се отворени сите врати и ни една препрека на патот не може да го сопре. Планетата која владее со овој знак е Јупитер – планетата на моќта, успехот и среќата. Стрелецот е голем љубител на добрата храна, пијалак и музика. Тој е вечен борец против неправдите, а пријателството претставува важен сегмент од неговиот живот. Неговиот млад дух е надополнет од убавиот надворешен изглед и спортската физичка градба. Стрелецот има отмена природа која прилега на аристократ и оттаму произлегува неговиот интерес за поблагородни спортови како што е тенисот. Иако негува почит кон традиционалните вредности, тој понекогаш знае да биде и бунтовник и не се води слепо по општоприфатените морални начела. Благодарение на неговиот натпреварувачки дух секогаш освојува бројни награди, медали и признанија. Соработката со други луѓе не му е баш најјака страна бидејќи знае да биде строг и комплициран. Понекогаш знае и да казнува ако неговите барања не се исполнети во целост. За овој хедонист по природа нема поголема казна од недостатокот на време и пари. Животните цели и желби на овој знак се навистина големи, но остварливи.
Како да му згрешиле нешто на бога – овие хороскопски знаци од самото раѓање ги следи лоша среќа >>
Типични претставници на овој знак се музичките легенди Френк Синатра и Тина Тарнер.