Реклама
Хороскоп

Хороскопот во пракса: ХОРОСКОП ЗА ОНИЕ КОИ ТРЧААТ – проверете како трча вашиот знак!

Реклама

Со ближење на пролетта, сите 12 знаци во зодијакот ќе почнат да трчаат и џогираат, па ќе имаме 12 типови тркачи. Уживајте во овој шармантен ТРКАЧКИ ХОРОСКОП и споделете го со вашите компањони-тркачи! А во коментарите подолу оставете ни го вашето мислење: точно или неточно?!

maraton aries 

ОВЕН – Како прв знак во хороскопот, вечно се стреми да биде прв во сè. Ако ништо друго, барем прв да стигне на тренинг
Овој знак поседува младешка сила и енергија, така што обично ќе трча доцна до староста. Да, да, добро прочитавте, оние бабички и дедовци кои ги гледате како трчаат и по седумдесеттите и осумдесеттите најверојатно некогаш биде мали Овнови. Овенот не обрнува многу внимание на опремата за трчање, бидејќи за себе мисли дека е најдобар и најубав облечен во било што. Им се препорачува да носат кацига за време на трчањето, иако тоа не е вообичаено за овој спорт, бидејќи поради својата карактеристика да оди “со глава низ ѕид”, лесно може да се повредат. Овен потајно го мрази тренерот, бидејќи смета дека тој, Овенот, треба да биде главен. Секогаш. Во сè. Насекаде. Често бираат спорт за своја професија, бидејќи тоа им помага да го трошат вишокот енергија.
Идеална трка: Секоја трка на пет километри, бидејќи тука постои веројатност да биде прв, барем за кратко.

Маркетинг

БИК – Неговиот став е дека треба да се ужива во трчањето, а тврдоглавоста е особина која го тера да истрае до крај

Бикот е вреден и настојува секогаш сè да заврши навреме. Традиционално, не е спортски тип, но еднаш штом ќе се одлучи да почне да трча, ретко отстапува од зацртаниот план. Биковите обожаваат деца и исклучително го ценат времето поминато со семејството, така што секогаш ќе бидат први во поддршка на тркачките настани за најмладите. Често се познати по својата тврдоглавост, но тоа, исто така, може да се протолкува и како целосна посветеност да истраат и во најтешките трки. Овенот не сака промени, често од година во година трча по истата, стара и добро позната патека и ужива во тоа. Одлично управуваат со парите и за секоја трка секогаш ќе се пријават на време доколку треба да се плати. Тежнеат да избегнуваат секакви конфликти, па и кога се разминуваат додека трчаат, секогаш ги пропуштаат другите.
maraton inca
Идеална трка: Маратонот „По трагите на Инките“, во Перу – еден од најтешките маратони во светот во кој се трча по неправилни карпести и правливи патишта. Почетокот е во 05:00 и, за тркатата да е возбудлива, тркачите се обврзани со закон да завршат пред 17:15 (кога тргнува последниот автобус од целта на Мачу Пикчу, а властите им забрануваат на туристите да бидат таму во текот на ноќта).

Маркетинг

БЛИЗНАЦИ – Нестабилност е вистинскиот збор за овој двоен знак, па на тренинзите најмногу уживаат во fartlek – периоди на брзо трчање измешани со периоди на успорено трчање; легендата вели дека токму Близнаците ја измислиле оваа метода

На еден тренинг се друштвени, комуникативни, расположени; се поздравуваат со сите со кои се разминуваат, а веќе на наредниот тренин трчаат во слушалки, гледаат пред себе и не познаваат никого. Имаат тенденција кион акробации, па ги привлекуваат и трките со пречки. Со Близнаците управува планетата Меркур која брзо се движи, што понекогаш значи дека нивното внимание трае кратко, практично кажано, се случува да почне со трчањето пред да слушне колку и каде треба да се трча. Понекогаш луѓето родени во овој знак имаат чувство дека другата половината им недостасува, па така ја бараат истата во својот компањон во трчањето. Најтешко им паѓаат преодните годишни времиња, бидејќи се соочуваат со бројни дилеми: Долг ракав или краток? Хеланки или шорцеви? Јакна со качулка или без? Вода од фрижидер или онаа на собна температура? Исцеден портокал или чај со мед? Во некои моменти, овој променлив знак ќе сака да трча на некои поекстремни трки, а понекогаш дури и трчањето дома на лента ќе го исполнат.
maraton triatlon 
Идеална трка: Триатлон – бидејќи Близнакот има тешкотии да се одлучи дали повеќе сака пливање, трчање или возење велосипед, или ниту едно, или сите три. 

РАК – Подобри се како тренери отколку како спортисти

Вешти се да убедуваат други да почнат да се бават со спорт и да мрднат малку, а сепак тие повеќе сакаат да седат удобно дома со семејството и пријателите. Значи, подобри се тренери отколку спортисти. Ако баш и не седат дома, тогаш попрво би се нашле под чадор со штоперица в рака, отколку на влажна атлетска патека. Добри тренери се и поради тоа што пренесувањето искуството на новите генерации им е омилена разонода.  
Се движат со голема елеганција и им годи да ги гледа публика. Често се ѕвезди на YouTube во едукативни спортски видеа. Грижливи и полни со мајчинска љубов пред секоја трка се молат на боговите на спортот сите натпреварувачи да завршат успешно, без повреди, никому да не биде тешко, никому да не му се исушти грлото, никого да не го стегаат патиките… Уживаат да трчаат со своите домашни миленичиња. Ако се најдат во позиција да доделуваат медали, церемонијата може да потрае цела вечност бидејќи нежниот Рак сака да ги прегрне сите натпреварувачи, да ги бакне и да им честита, изразувајќи го својот својот восхит и прашувајќи ги како се чувствуваат и слично.
maraton njujork 
Идеална трка: Маратонот во Њујорк – најголем маратон во светот, повеќе од 50.000 тркачи и околу 2.000.000 гледачи. Колку повеќе публика, толку подобро за Ракот.

ЛАВ – Лавот е исклучително спортски тип, особено ако некој го гледа

Лавот е исклучително атлетски тип, особено ако некој го гледа. Тие се родени лидери и сакаат да трчаат во група (да не речеме во чопор), но со напомена тие да се на чело на тимот. Трчаат лесно и грациозно, често претерано кревајќи ги колената. За Лавот не е доволно само да го заврши тренингот, туку тој ќе го заврши апсолутно најдобро што може. Секој Лав тајно сонува за тоа организаторите на маратонот да ги ангажира како миротворци. Води мртва трка со тркачите во знакот на Девица за тоа кој ќе освои повеќе награди и кој ќе има повеќе слики на социјалните мрежи. Сонцето е владетел на Лавот, па припадниците на овој знак претпочитаат тренинзи во текот на денот, а најмногу им годи летниот период. Ако во текот на трката ве снајде некоја неволја, великодушниот, верен и лојален Лав ќе стори сè да ви помогне, без разлика колку време и енергија ќе му треба.
maraton dzungla 
Идеална трка: Маратонот во џунгла, Амазонија, Бразил – Без разлика дали ќе се одлучат за 42, 122 или 244 километри ќе мора на температура од 40 степени и влажност поголема од 90 отсто да минуваат низ мочуриштата со анаконди, реки со пирани и крокодили, преку калливи и лизгави стрмнини, но што е тоа за кралот на џунглата?

ДЕВИЦА – Нивното длабоко чувство за хуманост ги прави најгрижливи хороскопски знаци

Тркачите-Девици никако не пропуштаат трки од хуманитарен карактер, а не ретко се и организатори на такви настани. Меркур им дава умешност со зборовите, па затоа многу од нив се одлучуваат да пишуваат спортски блогови или, барем, уредно да известуваат за своите тркачки достигнувања преку социјалните мрежи. Девицата е заинтересирана само за работа, без забава, па затоа на секој тренинг му пристапува многу сериозно и ретко муабети со другите додека трча. „Прво да го анализираме тоа” е мотото на овој знак, што ја прави идеална личност која треба да се праша за карактеристиките на патеката по која се трча некоја трка. Мајстори се за прецизност и обично имаат добра техника за трчање. Девицата ја држи во малиот прсти точната должина, процентуалната застапеност на нагорнини и надолнини, точната локација и содржината на станиците за закрепнување, ма сè. Девицата е вечит хипохондрик од било кој друг хороскопски знак, што ги прави вистински кошмар за секој тренер. На секој тренинг нешто ги боли. Нешто ново. Нешто што не знаат како да опишат. Нешто што никогаш никого не го болело.
maraton London
Идеална трка: Лондонскиот маратон – затоа што тоа е најголемиот настан за собирање средства; овде хуманитарните добротворни тркачи собрале повеќе од 700 милиони фунти од 1981 година па наваму.
 
ВАГА – Партнерството е многу важно за Вагите, па затоа таа е многу добар „ортак“ за трчање
Владејачката планета на Вагата е Венера (љубител на убави нешта), па затоа квалитетот е секогаш поважен од квантитетот. Вагата попрво ќе истрча два круга со совршена техника, отколку осум круга невешто. Најлошото сценарио што може да му се случи на овој знак е истиот ден да се одржуваат две трки и Вагата да биде принудена да избира страна. Иако сепак може да им биде уште потешко на луѓето кои ќе треба да слушаат како таа се жали и самосожалува поради тоа што не може да одлучи во која трка да учествува. Љубовта кон модата и гардеробата доведува до тоа Вагата да има седум пара патики за трчање, 22 тесни маици, четири кабаници, шест пара шорцеви, 12 хеланки, четири капи, три пара ракавици. Минимум. Сака сè што е ексклузивно и шик, па макар преку опремата да мора да се вклучи и во трка.
Идеална трка: маратон во родниот град – затоа што тука има прилика да доведе куп пријатели и членови на семејството, и тоа за Вагата е многу важно.

ШКОРПИЈА – Плутон е планета на трансформација и промена и е владетел на овој знак. Бидејќи оваа планета бавно се движи, оттука и Шкорпијата се карактеризира со смирено и „кул“ трчање

Понекогаш е потребно повеќе време да го засакаат трчањето, но кога тоа ќе се случи, Шкорпијата ќе остане посветена и лојална на овој спорт. „Јас сакам“ е клучен израз за Шкорпијата, па затоа сака да ги истрча сите трки кои постојат. Таа е доволно дисциплинирана да се придржува кон планот за трчање, исто така не се плаши од напорна работа за да се доведе во подобра форма. Големи се злопамтила, па ако се најдете во ситуација да се тркате против овој знак најдобро е да оставите да победат. Или, најдете друг партнер за трчање, бидејќи нема да ви го заборават тоа. Никогаш. Покрај трчањето, ги привлекува и скокот во височина, поради оној момент на напнатост: „Дали ќе бидам во можност да скокнам доволно високо/далеку?“
maraton vino 
Идеална трка: „Вински маратон“- во оваа комбинација на вино, спорт и забава никој не ужива повеќе од овој знак.

СТРЕЛЕЦ – Љубопитeн и енергичен, Стрелецот е најголемиот патник меѓу хороскопските знаци и кога-тогаш ќе направи список и ќе тргне во поход на тие трки

Нагласен спортски тип, често има само еден пар чевли „за свадби и погреби“, а секакви други за овој спорт. Трчањето е совршен спорт за Стрелците, бидејќи тие се екстровертни, оптимисти и ентузијасти и како такви е тешко да се задржат на едно место. Слободата и независноста се од огромно значење за овој отворен знак, па уживаат во босоного трчање. Познато е дека поседуваат огромна енергија, самодоверба и подготвеност за голем ризик или предизвик, па ултрамаратонот не им е непознатица. Не ги интересира многу каде и по каков терен се трча, туку само каде е целта за да се насочат кон неа како стрела. Поради својата искреност, Стрелците се често нетактични кога треба нешто да кажат или направат и затоа не изненадувајте се ако на повикот за заедничко трчање ви одговорат во стилот: „Не трчам со такви влечковци како што си ти.“
maraton vo boja 
Идеална трка: „Трка во боја“ – наречена и „Најсреќни 5 илјади метри на планетава“ во која волонтерите ги ’бомбардираат’ учесниците со шарени бои во прав на секоја попатна станица. Оваа трка му одговара на Стрелацот кој е многу забавен, а може и да се ’откачи’ повремено.
 
ЈАРЕЦ – Се смета за најсериозен хороскопски знак, кој природно поседува независност, што му овозможува да уживате да трча и сосема сам, без дополнителна мотивација
Се смета за најсериозен хороскопски знак кој природно поседува независност, што му овозможува да ужива да трча и тоа сосема сам, без дополнителна мотивација, без тркачка екипа и во сурови временски услови. Дури и е пожелно дека нема идеални услови, бидејќи ако не е напорно – не им е интересно. Јарецот е земјен знак преоптоварен со сигурност, па затоа припадниците на овој знак може да се препознаат и по тоа што трчатат на трки за кои се 100% сигурни дека може да ги совладаат и тогаш до самиот крај ја штедат силата, а потоа во последните 100 метри даваат сè од себе. „Сè знам“ е клучна фраза за овој знак и причина зошто им се советува да трчаат само во трки кои се добро обележани, бидејќи „сезнајковците“ Јарци ретки претходно се запознаваат со таквите детали и често заскитуваат по малку. Дарежливи се, не се двоумат да потрошат големи пари само да одат на добар маратон. Комбинирајќи силен интелект и хумор, Јарецот ќе ви биде неверојатен компањон на долги трки. Доброто управување со пари и со време ги прави идеални организатори на тркачки настани.
maraton Antarctic 
Идеална трка: Маратон на антарктичкиот мраз – трошоците за учество на овој натпревар се симболични 11.400 евра, плус трошоците да се дојде до Пунта Аренас во Чиле, од каде учесниците се пренесуваат со авион до кампот Унион глечер на Антарктикот.

ВОДОЛИЈА – Манијак за најнови направи и ситници. Секогаш со најдобар часовник марка Garmin на раката. Секогаш со најдобри спортски апликации на телефонот…

Секако дека имаат посебни патики за суво. Патики за дожд. Патики за топло. Патики за ладно. Патики за ептен ладно. Патики за снег. Патики за мраз. Очила за летно сонце. Очила за зимско сонце. Уран, владејачката планета на Водолијата, има срамежлива, ненадејна, а понекогаш и агресивна природа, па тркачите од овој хороскопски знак често го менуваат темпото додека трчаат. Водолијата е симбол на чувар на водата и избираат да тренираат на речни брегови, крај езера, море. Силно го застапуваат својот стил и не е невообичаено да се види Водилија облечена во смела тркачка опрема во светли бои. Иако припадниците на овој знак се комуникативни, за зближување со луѓето им треба време, па и кога се членови на некоја тркачка група на тренинзите, главно, трчаат сами.
maraton Honolulu
Идеална трка: Хонолулу маратонот. Живописната рута на овој маратон вклучува трчање долж светската позната Ваикики плажа, со спектакуларен поглед на океанот и вулканските кратери Дајамонд Хед и Коко Хед.

РИБИ – Клучната фраза за овој е знак на „Верувам“, па повремено Рибите се впуштаат во трки за кои не се подготвени, а потоа да половина трчаат, а од половина се молат на Бога да издржат до крај
Инспирирани од потребата да направат промени во животот на другите, ги наговараат луѓето да почнат да трчаат секаде каде што ќе најдат соодветно место (на станица, во ред во пошта, на каса во маркет, на свадба, слава, роденден). Разбирање е најдобриот збор којшто ги опишува припадниците на овој знак. Склони се секоја вежба да ја проучат до детали (како, зошто, на кој начин се прави) за после да ја вежбаат пред другите „за пример“. Чувствителни и емотивни, Рибите се најголема поддршка за новите тркачи и секогаш ќе најдат начин да им помогнат. Уживаат во друштво на Водолија да трчаат на речни брегови, крај езера и мориња. Трчаат лесно, вежбаат јога, како и други активности кои им го усовршуваат умот и телото.
maraton mrtvo more 
Идеална трка: Маратонот крај Мртвото Море. Ултрамаратонот од 50 километри ќе ги одведе Рибите до најниската точка на планетата – на 418 метри под нивото на морето, а сето време се трча низбрдо, а за награда на целта ќе може да се освежат со скокање во Мртвото Море.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button