Како се ооднесуваат хороскопски знаци зад воланот и што сакаат да возат? Проверете дали вие лично сте во ’согласност’ со ѕвездите
Огнените знаци: Овен, Лав, Стрелец – возат брзо и сакаат скапи автомобили
Овенот обично ќе избере црвен автомобил, спортски модел, со кој ќе може брзо да вози. Тој не трошат премногу пари на автомобили, ама претпочита она што го вози да е со највисок можен квалитет. Сака и автомобили кои не се преголеми и може лесно да се паркираат. Лавот не штеди на автомобили. Тоа не е само средство за превоз, туку и статусен симбол за него. Ако е во можност, Лавот ќе купи луксузен автомобил – лимузина. Стрелецот е сличен како Лавот кога станува збор за автомобили. И тој сака да се вози добар автомобил, што може да послужи токму во сите прилики, па затоа претпочита големи модели, но силни, кои може да се возат брзо. Сака темно виолетови или темно сини модели.
Земјени знаци: Бик, Девица, Јарец – возат удобно и полека
Бикот ќе избере автомобил што е семеен, а ако е жена во прашање, тогаш ќе избере класичен женски модел. Сака автомобили во впечатливи бои, па ќе го видите во модели со зелена, жолта или циклама боја. Девицата сака удобни модели, згодни за паркирање и нема да троши многу пари. Автомобилот за неа е само средство за превоз. Јарецот сака само најдобри автомобили, но не избрзува, туку добро се распрашува пред да купи. Најчесто бира автомобил што е кафен, окер или темно сив и не ги менува често моделите.
Русокосата Парис Хилтон вели дека нејзиниот бел Lexus ($ 375.000 ) е нејзиниот омилен автомобил; оди на прошетка во сабота со своето милениче
Воздушни знаци: Близнаци, Вага, Водолија – возат остро и сакаат нови автомобили
Близнаците, главно, избираат спортски автомобил. Можеби дури двосед или кабриолет. За нив, важно е лесно да се одржува, не сакаат обврски околу автомобилот. Вагата ќе избере некој нов, убав модел. На Вагата ὺ е побитен изгледот од функционирањето на автомобилот. Сака луксуз како и Лавот, ама ќе ὺ биде важно сè да изгледа преубаво, уредно и во нејзините омилени бои. Сивата е добар избор, ама може и сребрената боја. Водолијата ќе избере спортски автомобил. Битно е да е брз и од понова генерација. Не сака големи автомобили. Бира возило во сина или сива боја.
Водени знаци: Рак, Шкорпија, Риби – возата полека и господски
Ракот ќе избере семеен автомобил. Тоа му одговара, бидејќи секако планира да има семејство, а го сака и комфорот што таквиот модел го нуди. Само багажникот да е голем, а бојата може да биде сина или бела. Шкорпијата ќе избере автомобил што е стабилен, што по сите истражувања покажуваат добри квалитети, а ако купува половен, тогаш ќе ги провери сите податоци неколку пати, сè додека не се увери дека сè е во ред. Бордо или црн автомобил им е омилен на Шкорпиите. Рибите сакаат удобни возила. Уживаат во возењето. Битно им е да патуваат и на подолги патувања. Сакаат модели со темни стакла, добро озвучување. Рибите ќе изберат зелен или темно син модел, но бојата не им е толку важна, туку автомобилот да им ги обезбеди сите удобности.
Дејвид Бекам
Дознајте и која професија одговара на вашиот хороскоопски знак?