Овие чизми се хит оваа зима!
Оваа есен и зима заедничко нешто за сите ИТ девојки се овој пар чизми со етикетата од модната куќа Jil Sander. Станува збор за чизми до глужд со полувисоки дебели потпетици кои изгледаат фантастично, без разлика дали ги носите со фустани или тесни панталони. Моделот е направен од кадифе и може да се најде во неколку тренди бои, а досега можевме да видиме како го носат познатите трендсетерки, меѓу кои и најпознатите – Џиџи Хадид и Кендал Џенер. Направен од материјалот кој е еден од најпопуларните за оваа сезона, овој фантастичен модел дефинитивно е нешто со што ќе ја подигнете вашата зимска колекција, па наш совет е доколку сте во потрага по нови чизмички, оваа сезона да инвестирате во сличен модел.
Jil Sander
Ние избравме неколку слични модели од најпознатите комерцијални и дизајнерски брендови, а како тие изгледаат и како се движат цените погледнете во продолжение >>>
види повеќе » |