Реклама
Трендови

Овие чизми ќе бидат хит и меѓу Македонките во следниве 8 месеци

Реклама

Sock boots – eден од најпопуларните трендови за оваа есен

Не требаше многу време да помина за познатите хај-стрит брендови во своите колекции да ги вметнат чизмите инспирирани од популарниот модел на Balenciaga. Станува збор за чизми во силни бои (црвена, жолта, сина, фуксија) кои веќе неколку сезони се хит меѓу познатите ИТ девојки и трендсетерки и кои се совршени за создавање впечатливи стајлинзи. Зара има прекрасна црвена верзија која за жал со брзина на светлината исчезна од нивната интернет продавница (можеби во некои продавници има останато некое парче од овој популарен модел), додека кај Манго можете да сретнете прекрасни розови и виолетови модели (сетете се само на моделот со високи потпетици од 9 сантиметри за кој веќе ви пишувавме!).

Маркетинг

Маркетинг

Кендал Џенер и Селена Гомез не можеа да му одолеат на овој тренд, па го носеа и преку лето, додека бројни модни магазини веќе зборуваат дека овие чизми ќе бидат најголем есенски хит и ни предлагаат да ги ставиме на нашата шопинг листа.

Можете да ги носите со кратки фустани и мрежести чорапи, со пократките модели, додека подолгите комбинирајте ги со тренди мантили и капути (или евентуално со предимензионирани сакоа или плетива кои изгледаат како да сте ги позајмиле од машките плакари). 

Zara

За секојдневни стајлинзи носете ги во комбинација со вашите омилени фармерки кои можат да имаат нерамно порабување со што дополнително би го свртиле вниманието на чизмичките, а целата комбинација можете да ја заокружите со кошула со риги и мантил во пудра боја.

Zara

ASOS

ASOS

Balenciaga

 

Forever 21

Forever 21

H&M

MANGO

 

Stuart Weitzman

Stuart Weitzman

Topshop

Topshop

Zara 2,290.00 MKD

Zara 2,990.00 MKD

Zara

Zara

Zara

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button