Реклама
Нега и здравје

Ви ја претставуваме белграѓанката која измисли производ против целулит по кој полуде целиот свет

Реклама

 

Оваа млада дама ги дизајнираше и патентираше хеланките „cellulite crusher“ кои го уништуваат целулитот.

 

Маркетинг

 

Маркетинг

По раѓањето на нејзиното второ дете Беба Максимовиќ од Белград имала сериозни наслаги на целулит и за да се справи со овој естетски проблем таа осмислила хеланки против целулит со вградени дрвени топчиња. Откако нејзиниот изум и помогна да се ослободи од несаканиот целулит таа одлучи да го патентира под името „cellulite crusher“ и да започне со свое сопствено производство.

 

На самиот почеток хеланките на Беба се продаваа во еден од спортските шопинг центри, но не требаше да помине многу време за да сфати дека нејзиниот производ е одличен и дека треба да го сподели со жените насекаде во светот. Така, таа одлучи да отвори онлајн продавница, а набргу потоа за неа почнаа да пишуваат бројни познати светски магазини, меѓу кои и познатиот британски „Daily mail“.

 

 

„Кога го родив второто дете се појави проблемот со целулитот. Размислував како да се ослободам од него и ја осмислив оваа масажа со дрвени топчиња. Кога видов дека ми помогна на мене, одлучив да почнам со производство. И самата бев изненадена од реакцијата на медиумите. Ние направивме една скромна интернет страница, а не контактираа бројни новинари од целиот свет. Многу бев изненадена што текст за нашите хеланки се појави и во кинеските медиуми“, изјави таа неодамна во интервју за српскиот „Блиц“.

 

 

 

Во нејзините хеланки има вградено од 1200 до 1600 дрвени топчиња кои го масираат телото. Таа препорачува хеланките да се носат 30-60 минути дневно за време на вежбање, но можете да ги носите и додека седите на работната маса.

 

 

 

Денес Беба има работилница во близина на Белград во која има вработено и дополнителни работнички. За изработката на хеланките е потребно време, бидејќи секое топче мора посебно да се вшие, а материјалите кои се користат ги порачува од Италија.

 

Нејзините производи се извезуваат во 28 земји, а меѓу нив и во САД и Кина.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button