Реклама
Опа!

Трите најпознати ИТ девојки ги покажаа градите во фустани од Диор: што се случува?

Реклама

Во Париз овие денови се одвива Модната недела на високата мода, а во понеделникот беше ревијата и балот на Кристијан Диор на кој под маски се појавија водечките трендстерки и го привлекуваа вниманието во своите „naked“ фустани.

Овие фустани владееја со црвениот килим и минатата година кога многу често се случуваше некоја позната или помалку позната девојка да се појави во креација која се наоѓа на самата граница на добриот вкус. Овој пат на балот во новите haute couture фустани се појавија Бела Хадид, Кендал Џенер и Кјара Ферагни кои носеа проѕирни фустани со романтични и женствени кроеви, но кои воедно беа и без постави па на трендсетерките им се гледаа голите гради.

Маркетинг

Еве зошто ангелите на Викторијас Сикрет изгледаат како Ким Кардашијан >>

Маркетинг

Неколку часа претходно Кјара се фотографираше со маица со кратки ракави на која пишува We should all be feminists која исто така е со потписот на овој моден бренд. Со доаѓањето на новата креативна дизајнерка Марија Грација Чури, Диор го стави акцентот на феминизмот, а пораките во таквиот дух можевме да ги видиме и во нејзината прва ready-to-wear  колекција за оваа престижна француска модна куќа. Од тука сосема е јасно дека фустаните се избрани намерно и дека треба да испратат одредена порака. Но ние се прашуваме – зарем феминизмот не го надмина испраќањето на пораките по пат на голи гради и разголени брадавици? Ако ја прашуваме високата мода, очигледно дека не!

Мажите во очај, но тоа и го заслужија! Овој тренд станува минато >>

Деколтеата се минато – покажете го овој дел од телото >>

Извор: Fashion.hr

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button