Реклама
Хороскоп

Голем месечен хороскоп за март, 2016

Реклама

Како се молат хороскопските знаци:
ВАГА: „Драги Боже, знам дека сам треба да ги донесувам одлуките. Но, од друга страна, што мислиш Ти?“
ШКОРПИЈА: „Мили Боже, помогни ми да им простам на моите непријатели; ама, знаеш, тие не го заслужуваат тоа.“
СТРЕЛЕЦ: “О, Семоќен, Сеприсутен, Сезнаен, Вечен Боже. Ако сум те замолил еднаш, исто како да сум те замолил илјада пати – помогни ми да престанам да ПРЕТЕРУВАМ!!!.“

ОВЕН (21 март – 20 април)

Маркетинг

Пред вас е силен и успешен месец, во кој ќе имате средби и контакти што ќе ги дефинираат вашите идни акции од финансиска природа. Ќе решите некои финансиски прашања со роднини или деловни партнери. Еден предлог може да ви донесе подобро платена работа, профитабилна трговија или бизнис. Подобрената комуникација со луѓе од далеку и во близина може да биде и од личен/љубовен карактер и од деловен. Ќе добиете корисни информации или предлози. Очекувајте тешки разговори или конфронтација со одредени личности. Ќе искрснат проблем што не може да се решат токму поради влијаниетона овие луѓе.Ќе се грижите или ќе се обидете да му дадете помош и поддршка на пријател кој има сериозни здравствени проблеми. Жените-Овен до 35 години ќе имаат големи компликации во пријателските односи. Тие ќе ви влијаат депресивно, ќе внесат меланхолија, тажни чувства. Во март, некои брачни и семејни односи ќе бидат ставени на проба. Проблемите не се нови. Најверојатно во минатото сте доживеале разделба или поделба, но сега работите се дури и посложени и понепредвидливи. Лоши вести ви врска со некој роднина. Кога ќе донесувате важни одлуки во март пазете се од непобарани и несакани совети, или од манипулација. Некој ќе се обиде да ве искористи за потребите на друго лице. Генерално, март ќе биде продуктивен и успешен месец за вас. Но, проблемите кои ќе се појават сега во никој случај не треба да ги игнорирате.

БИК (21 април – 20 мај)

Маркетинг

Во март треба да разгледате, планирате или да одите на важно патување. Тоа дефинитивно ќе биде поврзано со ваша желба да започнете нешто ново, да спроведете нов план или да отидете на место каде што не сте биле досега. Генерално, март е поволен месец за патување, без разлика на целта. Лоши вести или настан поврзан со поранешен брачен другар или поранешна љубовна врска ќе се појават. Март ќе биде емотивно непредвидлив, со веројатност за тестирање на вашата сегашна врска. Разделбата со некој близок ќе се должи на тажен, ама може и на радосен настан. Изненадувањето овој месец може да е поврзано со работа/образование на лице од вашето семејство и со ненадејна одлука за поправка или некои промени во домот. Ова ќе биде поволен месец за бизнис далеку од дома, онлајн бизнис и слично, како и во однос на парите. Ќе имате можност за поголем приход, да добиете одложени пари и слично. Ви претстојат финансиски односи со лица во знакот на Бик, Девица или Јарец. Ќе имате интересни контакти и со лица од друга заедница во знакот на Риби, Рак или Шкорпија. Тешкотии ќе се појават во комуникацијата со деца и внуци за жените-Бик над 35 години. Несакајќи може да повредите некој близок длабоко. Март може да ве воодушеви со подарок, купување, или поволен развој на имотно-правни прашања и слично. Веројатни материјални награди или добивки на играите на среќа.

БЛИЗНАЦИ (21 мај – 20 јуни) 

Во текот на март пред вас се очекувани и неочекувани настани дома поврзани со патување за вас лично или за некој од вашето семејство. За некои Близнаци, ова може да вклучи подолго патувања или преселба. Сите настани дома ќе имаат врска со луѓе или околности коишто се далеку од вас. Ќе водите разговори со деца или млади членови од семејството за пари, исплати, инвестиции. Можно е да им помогнете финансиски, ама и тие вам. Ќе преземете нешто заеднички со нив што ќе наложи и заеднички финансиски ресурси. Ќе добете пари за дете или од дете. Повтоно ќе ги воспоставите пријателски односи што сте ги изгубиле во минатото од разни околности во вашиот живот или во животот на друго лице. Може ќе се вратите на старата љубов или ќе ја сретнете старата љубов, што ќе биде пријатно за двете страни. Март е поволен за промени – и да ги планирате и да ги спроведете. Во некои случаи, овие промени може да се поврзани со лице во знакот на Бик, Девица или Јарец. Поволен месец за контакти со судски и правни институции, но ако ги избегнете ќе ќе биде уште подобро. Ситни здравствени проблеми може да ве потсетат дека здравјето е приоритет во животот. Можно е да имате некои непријатности или болки кои, генерално, нема да ве изненадат.

РАК (21 јуни – 20 јули)

Во март може да доживеете разочарување од постапките на една жена. Ветување што не може да го исполни или неоснована надеж од нејзина страна ќе ве растаже, па дури и расплаче. Интуитивно, знаете дека може да сметате на неа, но не и овој пат. Поминете низ ова како еден непријатен момент. Изненадувањето овој месец ќе биде поврзано со девојка или млада жена; опциите поврзани со неа се различни. Можеби овој убав настан се однесува на ќерка, внука или други блиски женски роднини. Неочекуван успех ги чека жените-Рак до 35 годишна возраст. Шанса за интересна промена во работата. Можеби е поврзана со преместување на подобро место. Можно е да се вратите на старата позиција каде што е попријатно да се работи. Ви претстои службено патување. Многумина од вас ќе бидат среќни бидејќи ќе купат нешто за дома или ќе добијат подарок. Поволен месец за нова, романтична врска чиј развој, се разбира, ќе зависи од вас лично. Конфликтите дома ќе бидат поврзани со измама, или прикриена акција, како и поради влијанието врз вашите семејни врски од страна на надворешно лице. Во март ќе ви биде драго поради успешно завршување на проблем во животот на момче или млад човек. Некако веќе сте му помогнале. Мажите-Рак до 35 години постепено ќе излезат од тежок период во животот или од тешка ситуација.

ЛАВ (21 јули – 21 август)

Во март, ќе ставите крај на пријателска, семејна или професионална врска, по период на конфликти или тензија. Нема да имате никакво чувство на сожалување или каење по оваа одлука. Очекувајте вести во врска со финансиски проблеми на роднина или пријатели кои живеат релативно блиску до вас. Неочекувано, мал трошок/плаќање мора да се изврши за кратко време. Неочекуван успех ви ветува многу добра промена во вашиот личен или професионален живот во наредните месеци. Поволен развој или завршување на судски или правен случај од некој вид. Младите мажи-Лав може да добијат многу важна поддршка и помош од постара жена или жена со искуство или на позиција, која ќе ги развие вашите таленти, вештини или иновативна идеја/проект. Во март, бидете внимателни во финансиските односи, договори или ветувања во врска со млада жена или жени. Можно е во одреден момент работите да станат многу сложени или тешко да се спроведат. Пазете се од измама или манипулација од страна на девојка или жена до 35-годишна возраст. Дома, понекогаш атмосферата ќе биде депресивна и стресна, но ова е само привремена состојба во вашата врска.

ДЕВИЦА (22 август – 22 септември)

Во март, можно е да бидете загрижени за настаните во животот на пријател/ка, кој е моментално далеку од вас. Ќе одите на неочекуван состанок или презентација, при што може да запознаете нови и интересни луѓе кои допрва треба да имаат некакво влијание врз вашите перцепции и гледања на светот околу вас. Проблематично време кое ќе вклучи дете или внук/азависно од нивната возраст. Идните мајки треба повеќе да водат сметка за себе и за емоционалната и за физичката состојба. Ќе размислувате за некои важни трошоци и купувања што мора да се направат во текот на месецов. Ќе чекате пари или други клучни информации од финансиска природа: документ, договор, кредит/заем. Ќе очекувате и некое признание или извинување за претходни дејства, злобни акции против вас или кражба од некого. Ова ќе биде важно за вас, иако веќе сте одлучиле како ќе се однесувате кон ова лице. Ќе добиете покана од пријател да патувате, но тоа нема да одговара на вашите желби во оваа фаза. Ќе добиете и други покани за средби и за родендени или други лични прослави. За мажите-Девица март ќе биде интересен месец, главно, во личниот живот, каде може да спроведете некои промени, планови поврзани со семејството или некој близок и слично. Генерално, неженетите мажи-Девици може да доживеат неочекуван флерт, вљубување, љубовни состаноци…

ВАГА (23 септември – 22 октомври)

Ова е време да завршите, разјасните и решите проблеми, особено оние зад вас од претходната година или месеци. Едана по една, работите ќе се стабилизираат и хармонизираат. Во вашето семејство, пак, настани може да се развијат што ќе ги криете од туѓи погледи, а особено од едно лице вклучено во истите. Многу е веројатно тоа да се роднини кои не живеат под ист покрив со вас. Нови луѓе во вашата лична или професионална средина ќе ве вознемират или не ќе бидете подготвени да ги прифатите лесно, што е многу невообичаено за вас, но во овој случај тоа ќе биде поради одредена причина и поради вашата емоционална состојба. За беќарите/момите-Вага март ќе донесе интересни настани поврзани со нова или стара љубов, особено ако вашиот партнер живее во близина на вас или со вас. Во март, постепено ќе завршите вознемирувачки проблеми од финансиска природа, плаќања и обврски. Работите ќе се подобрат, за некои од вас на опиплив начин, за други помалку, но генерално март ќе ви донесе позитивен развој. Може да добиете пари за коишто, од некоја причина, сте имале тешкотии да ги добиете до сега.

ШКОРПИЈА (23 октомври – 22 ноември)

Во текот на март, може да се сретнете со пријатели од далеку или да отпатувате на гости кај пријатели. Во исто време, можно е некој ваш пријател да замине да живее или работи во друг град. Трошоците може да бидат повисоки од приходите, ама тоа е од одредена оправдана причина. Постои можност за доцнење на пари што ќе вклучи одреден трошок, па ќе ве натера да побарате помош од родител или друг роднина. Водете сметка за вашите лични предмети и пари на јавни места. Ќе се насекирате или загрижите за здравствени проблеми на блиска пријателка. Жените-Шкорпија над 35 години ќе треба да донесат важна одлука овој месец, а тоа ќе ве чини многу стрес или несоница. Понекогаш, работите се одвиваат по свое темпо, или во свое време, но вие мора да водите сметка за вашето здравје. Ќе се состанете со луѓе кои се наоѓаат во финансиски очај или направиле грешка или доживеале неуспех од финансиска природа. Лоши вести што може да се однесуваат на младо машко лице. Мажите-Шкорпија до 35 години, ако се вклучени во парница или судски случај, треба да бидат претпазливи во очекувањата иако околностите се сосема поволни и динамични. Добрата вест овој месец не само што ќе ве убеди дека сте изминале толку далеку на вистинскиот пат, туку ќе направи да чувствувате оптимизам и енергија да се движите напред. Пред вас се интересни средби, разговори и комуникација со луѓе од далеку и блиску. Ќе добиете понуда на која тешко ќе одолеете, без разлика на што и да се однесува.

СТРЕЛЕЦ (23 ноември – 21 декември)

Март може да биде корисен и финансиски успешни месец, иако ќе имате некои важни или итни трошоци и плаќања. Ќе имате можност за дополнителна обврска или награда од добро платена работа. Интересно е тоа што во март ќе биде тешко да се предвиди идниот развој на сите настани. Доколку може да добиете увид во истите, ќе заклучите дека, всушност, судбината великодушно ќе ве награди на еден или друг начин. Но, пред тоа може ќе имате непријатности додека правите простор за нови настани во вашиот живот. Избегнувајте сомнителни луѓе и настани и не дозволувајте да бидете измамени од мали или големи лаги и манипулации. Сега е лесно да ја преземете грижата од несакани и непријатни проблеми. Март е време за романтика и љубов, особено за младите Стрелци од машки пол кои ќе имаат интересни искуства со сегашните партнери во веќе постоечката врска. Време кога може да преземете чекори да донесете одлуки за посериозен ангажман. Неочекувано задоцнување или одбивање ќе се појави во врска со одреден план или очекување поврзано со личниот и професионалниот живот. Иако првичната реакција ќе ви биде бурна, подобро е да седнете и да размислите зошто сето ова се случува. Затоа што е можно да постои нешто подобро да се запрашате… Можна несакана или непланирана бременост, како и посложени емоции во врска со раѓање принова.

ЈАРЕЦ (22 декември – 20 јануари)

Во март, ќе треба сериозно да се посветите или да се грижите за образованието или кариерата на син/внук. Во некои случаи, се работи за пренесување на знаење во одредена област од татко/дедо на дете/внук (семеен бизнис, семејна традиција). Ќе се појави ново, младо машко лице во вашата професионална средина. Патување за младите Јарци во врска со семејството или домот. За нив постои можност за нов почеток поврзан со преселба поради нова работа или нов дом. Вести или предлог за кои многумина ќе се радуваат, но ќе донесат тага или друга емоционална/финансиска непријатност на луѓето околу вас. Наскоро може да правите поамбициозни планови во личниот и професионалниот живот, но кога ќе треба да направите нешто, ќе треба да добиете или да верифицирате информации, а не само да се потпирате на себе си. Во спротивно, ве очекуваат несакани изненадувања. Март ќе ви донесе можност да најдете сродна душа, лице со кое ќе изградите многу силна и успешна врска, на личен или деловен план. За жал, здравствените проблеми на блиска жена ќе продолжат во овој и, најверојатно, во следните неколку месеци.

ВОДОЛИЈА (21 јануари – 19 февруари)

Во текот на март може да очекувате радосни настани поврзани со раѓање на машко бебе, прослава за момче или внук. Успехот ќе биде поврзан со млада личност од вашето семејство. Некои млади Водолии од машки пол ќе посакаат добредојде на бебе, вести за идно татковство, или радост поврзана со мало дете. Ќе има одложување на планови и активностите поврзани со движен или недвижен имот. Спор или проблеми поврзани со имот може да се јават помеѓу саканите. Проблемите во семејството сега ќе бидат повеќе поврзани со некоја емоционална навреда или загуба што ќе биде едно тешко искуство. Овој месец ќе имате очекувања за поголеми приходи коишто се поврзани со работа со странци кои работат со компанија или клиенти далеку од вас. Можно е да добиете пари од далечина од различни причини. Овој месец ќе планирате и ќе одите на далечен пат. Ќе доживеете вербален напад на семејството од страна на лице надвор од вашиот дом. Бидете внимателни кај новите љубовни состаноци или со луѓе кои бараат специјален контакт со вас. Пазете се од измами и од ваша вклученост во туѓи цели по пат на интриги. Интересни вести и разговори со пријателите ќе имаат младите дами- Водолии. Ќе дознаете многу работи и можеби ќе се појави нова идеја за натамошен развој на некоја ваша идеја или проект.

3d star

РИБИ (20 февруари – 20 март)

Во текот на овој месец жените-Риби над 35-годишна возраст ќе имаат одредени очекувања во однос на настани, состаноци, промени во домот и вашата енергија ќе биде насочена кон реализација на овие очекувања. Дефинитивно домот ќе ви биде приоритет во март. Може да очекувате ваш близок роднина да ви дојде на гости и да остане некое време. Вознемирувачки момент може да имате поради состојбата во животот на машко лице над 35 години. Мажите-Риби треба да се обидат да ја најдат причина за било каков стрес овој месец. Не занемарувајте го овој совет. Убавите моменти ќе бидат поврзан со неочекувани пари, документи коишто ќе ви донесат редовен приход во иднина, покачување на плата или нов договор. Успешен развој ќе донесат парници од финансиска природа, ако сте вклучени во ваков вид работа. Конфликт врз основа на љубомора може да доведе до откривање на вистини кои се комплицирани или кои ќе бидат болни за вас. Од ова ништо добро не може да произлезе, па затоа бидете внимателни со емоциите кои не може да ги контролирате. Овој месец ќе ја стави на тест вашата кариера, бизнис и она што го правите на работното место. Ќе има некои пожелни и непожелни промени. Треба да обрнете посебно внимание ако работите со пари. Ќе имате неочекувани гости или средба со луѓе кои ќе ви донесат радост. Ќе се најдете одеднаш на право место во право време.

Големиот годишен хороскоп за 2016 година ве чека овде.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button