ВОДОЛИЈА (21 јануари – 19 февруари)
Водолиите се слободоумни луѓе, со независен дух, честосо прогресивни и револуционерни идеи. Ги привлекуваат сите прогресивни и на некој начин екстравагантни работи. Во однос на нивната финансиска состојба во 2016 година, потребно е да знаат дека оваа година им ’подготвува’ мали проблеми. Без разлика колку и да се трудат, Водолиите нема да успеат да ги задржат парите. Често ќе чувствувате дека парите ви се топат како мраз во август. Дури и кога ќе наидете на периоди кога ќе заработувате добро, ќе ви искрснат големи и непланирани трошоци. Некои Водолии ќе пронајдат спас во брак од интерес, иако не би требало да брзаат, бидејќи финансиската ситуација ќе се подобри веќе од есен.
Особено во првата половина од годината некои Водолии ќе бидат склони да се откажат од семеен накит или некој друг вид семејно наследство, бидејќи тоа ќе им биде единствениот начин да се извлечат од финансиските проблеми. Како што е наведено погоре, веќе од есента сонцето ќе го огрее и Водолиите, па многумина може да се надеваат на постабилни извори приходи или на значително зголемување на платата.
Кликни и прочитај го и големиот финансиски хороскоп за: Овен » Бик » Близнаци » Рак » Лав » Девица » Вага » Шкорпија » Стрелец » Јарец » Водолија » Риби »