ОВЕН (21 март – 20 април)
Припадниците на овој знак сакаат слобода, независност и самостојност. Енергични се, импулсивни и се пронаоѓаат во сосема нови и оригинални работи во кои до израз доаѓа нивното чувство за организација. Но, не занесувајте се премногу бидејќи постојат големи можности да останете со краткиракави. Пасивноста нема да ви донесе никакво материјално богатства, па затоа што поскоро зафатете со работа. Особено критичен период за вашиот буџет може да биде февруари-март, па се препорачува до тогаш да се придвижите. Меѓутоа, ако вашата вродена гордост се активира во доволна мерка, ќе работите и на работни места кои не се на вашето ниво само за да го избегнете срамотда позајмувате пари од познати.
Ако успеете да ја потиснете вашата импулсивност и интертност, втората половина на годината би можела да биде релативно успешна во областа на финансиите. Ќе ви се отворат нови можности, особено за Овните кои бараат работа или за оние кои работат во приватниот сектор, но не се задоволни со третманот и сумата пари што им легнува на сметката секој месец.
Кликни и прочитај го и големиот финансиски хороскоп за: Овен » Бик » Близнаци » Рак » Лав » Девица » Вага » Шкорпија » Стрелец » Јарец » Водолија » Риби »