Постојат трендови поради кои со нетрпение ја чекаме новата сезона
Еве и зошто …
И оваа есен ќе доминираат нагласени, полни и смели веѓи. На фотографиите на познатите модели можеме да видиме кои ќе бидат клучните трендови во новата сезона и како би сакале да изгледаат и нашите веѓи, иако во реалноста, и нивните и нашите веѓи се далеку од совршени. Токму затоа во помош ни доаѓа козметиката и сите иновативни и софистицирани решенија кои што оставаат се помалку простор за големи грешки.
Истакнете го најубаво на вас на својствен начин, но притоа не плашете се да експериментирате и останете му верни на вашиот стил, а трендовите искористете ги за да го освежите вашиот изглед.
Веѓите претставуваат рамка на лицето и особено им се важни на претставничките на понежниот пол, па козметичките брендови знаејќи го тој факт се повеќе внимание посветуваат на овој дел од лицето и создаваат дури и цели колекции. Па така денес на секој чекор можеме да најдеме производи кои во само неколку чекори ќе го дадат ефектот што сакаме да го постигнеме. Наш предлог за молив кој преку целиот ден ќе остане непроменет благодарение на неговиот специјален состав е моливот за веѓи Brow Elegance All Day Precision Liner од познатиот козметички бренд Seventeen кој го пробавме и се воодушевивме.
Кармин поради кој нема да сакате да престанете да се бакнувате >>
Со ова моливче многу лесно ќе добиете убаво обликувани веѓи, со природен или истакнат ефект, во зависност од индивидуалните карактеристики на вашето лице. Овој производ е идеален за изведување на сите нови техники на веѓите, дефинирање на соодветниот облик, корекција на евентуалните недостатоци и менување на бојата. Достапен е во шест интензивни бои, со долготраен ефект и е одличен производ за овој период од годината. Покрај преубавите нијанси тука е и специјално обликуваната четка за совршено нанесување на пудрестата текстура. Производот е офталмолошки тестиран, без парабени, и што можеби е најважно, и покрај високиот квалитет на производот, исиот може да се набави по крајно поволна цена.
Кликни и тука и види ја цената на овој производ >>
Нијанси на кармини што ќе бидат популарни оваа есен >>