Реклама
Хороскоп

Весели очи и насмеано лице, витка градба и нежни црти – како да го препознаете секој хороскопски знак по физичкиот изглед

Реклама

Aстролозите имаат општи физички карактеристики, кои ги имаат повеќето претставници на секој хороскопски знак.

vitka1

Овен

Маркетинг

Со средна до цврста градба, припадниците на овој знак се обично спортски градени, а нивните мускули се видливи дури и кога имаат вишок килограми. Најчесто имаат потемен тен, права и густа коса, а некои претставници имаат и црвена коса. Со нивниот изглед оставаат впечаток на енергични и снажни личности.

Бик

Маркетинг

Физички гледано, припадниците на овој знак имаат најправилно симетрично лице. Повеќето од нив имаат полни усни и сјаен тен. Телото им е обично пропорционално градено, па ако се здебелат, се пополнуваат насекаде по малку. 

Некој сака безкофеинско, а некој јако: Во каков тип кафе уживаат хороскопски знаци?>>>

Нивниот изглед оддава впечаток на мека, но истовремено силна личност. Биковите се облекуваат елегантно, а најдобро им стојат зелена и крем боја.

Близнаци

Припадниците на овој знак се секогаш во движење. Лицето им е многу експресивно, секогаш делуваат полни си млад дух, а очите им се доста изразени. 

vitka2

Најчесто имаат прилично долги раце и нозе, витко тело и висока градба, поради што делуваат грациозно, и покрај тоа што немаат истакнати мускули.

Рак

Припадниците на овој знак обично имаат кружно лице со истакнати јаготки, но и впечатлив нос кој не мора да значи дека е голем, туку со малку необичен облик. Брадата им е кружна, градниот кош широк, а косата темна и не многу густа. Иако се младолики и витки, голем број од нив почнуваат да се гојат после 30-тата година од животот.

Лав

Родените во знакот лав лесно се препознаваат по „гривата“. Густата и сјајна коса им е заштитен симбол, а ако почне да им опаѓа или белее стануваат многу загрижени. Нив ги краси широко чело, широка вилица и убаво обликуван нос. Мускулатурата им е изразено силна, а омилени бои им се жолтата и портокаловата. Сакаат тренди облека.

Девица

Машките и женските припадници на овој знак се прилично витки, а доколку почнат да ја зголемуваат својата маса, обично се им се собира во рацете и стомакот. Телото им е симетрично, а на лицето имаат убави, нежни црти. Имаат истакнати јаготки и веѓи, а најчесто одбираат неутрални и елегантни комбинации на облека, кои се ненападни.

Омилени бои им се сината и зелената.

Премини на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
1 2Следна страница

Поврзано

Back to top button