СТРЕЛЕЦ (23 ноември – 21 декември)
Луѓето родени под овој знак се многу независни и борбени, со голема потреба за постојана акција. Стрелците не толерираат никакво ограничување, многу се друштвени, обожаваат церемонии и забави, па затоа шоу-бизнисот е преполн со луѓе родени под овој знак. Како и секоја година, така и во 2016 година ќе кројат големи планови. Стрелците кои од уметноста заработат за живот најверојатно ќе успеат да остварат некои стари планови.
Но, не занесувајте се… Овие планови се успешни само во вашата глава. Кога ќе се спуштите на земја, ќе видите дека џебовите не е лесно да се наполнат со пари. Стрелците кои немаат редовен извор на приход, ќе имаат среќа во периодот од март до јули, кога би можеле да заработат од работа која нема никаква врска со нивното образование. Оние кои се во редовен работен однос ќе имаат повеќе работни задолженија, но тоа нема да се одрази позитивно врз нивната финансиска стабилност.
Кликни и прочитај го и големиот финансиски хороскоп за: Овен » Бик » Близнаци » Рак » Лав » Девица » Вага » Шкорпија » Стрелец » Јарец » Водолија » Риби »