ЛАВ (21 јули – 21 август)
Најнесреќен човек на светот може да биде Лав без авторитет или во пензија. Лавовите оваа година, како и секоја друга, константно заработуваат пристојно, но, сепак,и пристојно трошат. За нив, зборот ’штедење’ не постои, па затоа редовно одат во минус. Вашитеприходи ќе се зголемат, но со исто темпо и трошоците ќе ви скокнат до небо. Работа ќе има и повеќе отколку што може на другитеда им е потребна, но со оглед на вашитепотрошувачки апетити… Добро е што не се плашите од напорна работа, ама би било подобро да размислувате за штедење или барем инвестирање во недвижен имот, наместо што секогаш да трошите сè на гардероба, забава и луксузни патувања. Можеби сте дарежливи, секогаш подготвени да им помогнете на другите, но како знаете дека секој ќе ви излезе вам во пресрет? Меѓутоа, како и обично,ќе излезетеод секој проблемблагодарение на вашиот интелект. Во последните три месеци од 2016 година е можен прилив на средства благодарение на соработка со личности или меѓународни компании. Сепак, ако не трошите рационално колку што е можно повеќе, на крајот на 2016 година може да се најдете повторно на нула. Затоа, бидете внимателни со финансиите.
Кликни и прочитај го и големиот финансиски хороскоп за: Овен » Бик » Близнаци » Рак » Лав » Девица » Вага » Шкорпија » Стрелец » Јарец » Водолија » Риби »