ЈАРЕЦ (22 ДЕКЕМВРИ – 20 ЈАНУАРИ)
Јарците се многу реални и вредни луѓе, познати како неуморни и совесни работници. Не толерираатбрзоплетост, мрзеливост и површност. Работата ја сфаќаат многу сериозно, многу се амбициозни и секогаш полека но сигурно се искачуваат на скалилото на успехот, бидејќи се родени кариеристи. За Јарците, 2016 година подготвува нешто убаво. Ако малку се потрудите, резултатите ќе бидат неверојатни. Оваа е многу важна година за претставниците на овој знак, затоа што ќе ја запаметите до крајот на животот поради некој голем успех. 2016 година дефинитивно е ваша година – сè за што досега сте се труделе и мачеле сега конечно ќе даде резултати, бидејќи напредувањето во кариерата е неизбежно, а со тоа во игра е и сериозна сума пари. Некои Јарци може да помислат дека им е доста да работатза други, па сериозно ќе ја разгледуваат можноста да започнат свој бизнис, но тоа не се препорачува, бидејќи трошоците може да бидат повисоки од приходите. Меѓутоа, без оглед на брилијантните позиции што може да ги заземете во текот на годината, не опуштајте се премногу. Во спротивно,сè што сте створиле може да пропадне како куќа од карти. Затоа, бидете паметни за да не се жалите подоцна дека сите други ви се виновни, кога, всушност,единствен виновник сте вие самите.
Кликни и прочитај го и големиот финансиски хороскоп за: Овен » Бик » Близнаци » Рак » Лав » Девица » Вага » Шкорпија » Стрелец » Јарец » Водолија » Риби »