ДЕВИЦА (22 август – 22 септември)
Луѓето родени под овој знак често може да се заборават во работата. Тивки се, повлечени, промислени и уживаат во активности во кои е потребно внимателно планирање и координација на мноштво детали. На пресметливата и прецизна Девица ништо не може да ù побегне. Тие знаат точно колку пари им се на располагање во секое време. Знаат дури и колку соседот заштедил за ’црни’ денови. Приходите во 2016 година нема да ги разочараат Девиците, а особено плодни периоди се есен и зима. Постои можност за промена на работното место или напредување во кариерата, што може само позитивно да се одрази врз вашиот буџет.
Како и обично, парите ќе ги чувате. Бидејќи немате преголема доверба во банките, парите внимателно ќе ги штедите, одвреме-навреме ќе ги пребројувате и криете под душек, далеку од очите на другите членови од семејството.
Кликни и прочитај го и големиот финансиски хороскоп за: Овен » Бик » Близнаци » Рак » Лав » Девица » Вага » Шкорпија » Стрелец » Јарец » Водолија » Риби »