Диети

НЕ МОЖЕТЕ ДА ОСЛАБИТЕ? Можеби ова е вистинската причина за тоа

Реклама
Реклама

Некои луѓе додека држат диета едноставно забораваат на една работа поради која не можат да се решат од вишокот килограми.

Мислите дека знаете се во врска со тоа како да се решите од вишокот килограми? Неодамна едно истражување покажа дека повеќето полнички луѓе забораваат на најважното, а тоа е своето психичко здравје. Според стручните лица тоа е причината поради која дури во 95 отсто од случаите диетите не функционираат.

Маркетинг

Во едно истражување кое е спроведено на повеќе од 1000 Американци, 31 отсто од испитаниците изјавиле дека недостатокот од физичката активност е најголемата пречка на нивниот пат кон идеалната тежина. Исто така, 26 отсто од нив веруваат дека виновна е храната која ја консумираат, а 17 отсто изјавиле дека не можеле да ослабат поради лошата финансиска состојба. Само еден од десет испитаници ја има споменато психолошката бариера како основна причина поради која не можат да ја постигнат својата идеална тежина. „За многу луѓе внесувањето храна е емоционално искуство. Во ‘тешки времиња’ се наградуваме со вкусни јадења. Покрај тоа, многу американски празници се фокусирани на храната и често имаме носталгична врска со одредени јадења“, изјави невропсихологот Дијана Робинсон.

Главен виновник е допаминот!

Маркетинг

Оваа докторка објаснува дека често не сме свесни на тоа дека храната не е само извор на енергија туку и нешто што ни нуди одреден вид на удобност. Додека го јадеме она што го сакаме нашиот мозок ослободува допамин (познат и како хормон на среќата!), а тој е поврзан со нашите чувства на задоволства. Поради тоа разбирањето на емоционалниот аспект на нашата прехрана е клучот за одржување на здравата телесна маса.

„Прво запознајте се подобро себеси. Водите дневник на исхраната и вашето расположение и следете ги ‘нездравите оброци’. Пред да посегнете по една коцка чоколадо (кое никогаш не останува само на една коцка) запрашајте се дали навистина сте гладни или сакате храна поради некоја друга причина. Доколку ни самите немате одговор од каде ви доаѓа потребата за да се прејадете, побарајте стручна помош“ советува Дијана Робертсон.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button