Покрај високите чизми над колена, популарните обувки во металик нијанси и чизмите до глужд, оваа сезона популарни се и чизмите до колена.
Овој едноставен модел е маст-хев парче за сите љубителки на добриот класичен стил без разлика дали станува збор за секојдневни, деловни или вечерни комбинации. Покрај кафените и црните модели кои сме навикнати да ги гледаме, оваа сезона во мода се и модели во силни бои како и оние кои се зачинети со елементи како везени цвеќиња, бисери или металni детали. Што се однесува до тоа како да ги носите комбинирајте со кадифе доколку барате деловна комбинација, или со нешто светкаво и металик за лудо вечерно издание.
Па погледнете го нашиот избор од познатите хај стрит и луксузни дизајнерски брендови во галеријата што следува.
види повеќе » |