Реклама
Нега и здравје

Експертски совети за нанесување на крема за потемнување на најнезгодните места

Реклама

Посоветувајте се со Кети Квин како да добиете беспрекорна боја на нозете, колената, зглобовите и вратот во секое време.

Секоја пролет итаме во бањите со големи надежи дека сме ги апсолвирале сите совети и трикови за само-поцрнување за конечно да добиеме совршен тен. Тогаш се будиме со размачкани чаршафи и извалкана кожа. Затоа ја прашавме Кети Квин, една од најдобрите експерти за шминка на телото (таа ги подготува речиси сите ангели на Викторија Сикрет зад сцената), за нејините докажани техники за нанесување на средства за поцрнување на најнезгодните места на телото за да ни гарантира вистински, целосен сјај – еднаш засекогаш.

Маркетинг

СТАПАЛА

„Имајте на ум дека се обидувате да го имитирате природното сонце, па фокусот треба да биде над стапалото, наместо на страните и на глуждот“, вели Квин. Еве како да го направите тоа: Ставете од средство за поцрнување на вашите раце и истријте ги, а потоа ставете ја целата рака врз ногата и мачкајте наназад и под коската на глуждот. Следно, почнете со мачкање на страните и помеѓу прстите, над коската на глуждот и назад на двете страни од петицата. „Ставам многу нежно и тоа само еднаш на петицата, со тоа што внимавам нијансата да се совпаѓа со остатокот од телото“, вели Квин. „Но, исклучително е важно да користите само вишок од средството за поцрнување за остатокот од стапалото, а не да нанесувате повеќе боја во рацете.“

Маркетинг

КОЛЕНА И ЛАКТИ

Секогаш нанесете светол навлажнувач на проблематичните области пред да ставите средство за поцрнување, објаснува Квин. „Јас нанесувам лосион на грубата кожа под колената пред да го нанесам средството за поцрнувањет и никогаш немам проблем со преголема апсорпција на бојата. Исто така, се трудам да ја исушам кожата околу коските на глуждовите, па затоа нанесувам светол навлажнувач и на тие области.“

РАЦЕ И ЗГЛОБОВИ

Како претпоследен чекор нанесете боја, со големина на бисер,  на внатрешната страна на зглобовите, а потоа истријте ги еден од друг за да се впие бојата. „Ова спречува драматични, дефинирани граници, а со помош на малата количина на средството овозможувате бојата постепено да исчезне во дланките, кои изгледаат многу подобро во целина“, вели Квин, која ја следи истата постапка за задниот дел на рацете како последен чекор. „Истријте ги рацете една од друга, избегнувајќи ги прстите и почнете со блендирање на бојата врз прстите и околу палецот.“ Треба да го отстраните вишокот од дланките и прстите? „Употребете влажни крпчиња или натопен памук.“

ВРАТ

Ако сакате да го затемните вратот, но не и лицето, нанесете од средството до, но не и над, линијата на вилицата. „Во ред е да се има мала границата под линијата на вилицата, што помага да се минимизира појавата на двоен подбрадок,“ вели Квин. За да се добие вистински ефект на контура, користете памук натопен во средството за поцрнување за да исцртате две засенчувања во форма на “V” под брадата на двете страни на вратот.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button