Секогаш ќе постои таа уникатна личност, единствената која ќе остане во вашето срце сѐ до последниот ден.
Секогаш ќе постои таа уникатна личност, единствената која ќе остане во вашето срце сѐ до последниот ден. Тоа е личноста која секогаш ќе зафаќа одреден дел од вашето постоење. Единствената личност која ве променила и влијаела на начин на кој никогаш не сте замислувале дека можете да се промените. И без оглед на тоа колку се трудела и колку долго таа личност била покрај вас, секогаш кога ќе помислите на неа, ќе ви се одзема здивот. Не ќе можете да се ослободите од нејзиниот дух и нејзината сенка. Секогаш ќе доаѓа и во најубавите соништа, и во најстрашните ноќни мори.
Но, зар тоа не е прекрасно?
Знаењето дека таа личност те сакала, дека сте ѝ биле драгоцени и дека ве правела среќна. Личност која ве променила. Која ви покажала дека сте прекрасни и дека сте достојни за љубов. И иако таа личност повеќе не е покрај вас, дури и ако вашата љубов кратко траела, таа сепак ќе остане внатре во вашето срце и засекогаш врежана во вашата меморија. Таа љубов и понатаму ќе живее во вас. Ќе сакате некого повторно, но сеќавањата за неа ќе ги чувате засекогаш.
Никогаш нема да заборавите колку сте ја сакале таа личност и како сте се чувствувале. Но, ќе доживеете и нова љубов која никогаш нема да ја напуштите.
А тогаш ќе сфатите и зошто е тоа така!