Меланија Трамп во уште едно одлично есенско издание
Откако пред неколку дена се појави во култните патики кои ги обожаваат и нашите девојки (види тука) таа деновиве се појави во друштво на својот сопруг Доналд Трамп и синот Барон во уште едно неодоливо издание кое секоја од нас може да го ископира во периодот што следува. Имено, во прашање е дебел (и предимензиониран) плетен џемпер со висока јака во сива боја која што првата дама ја носеше во комбинација со тесни црни фармерки, а целата комбинација дополнително ја подигна со нејзините секси чизми.
Манго има одлична верзија на најпопуларниот џемпер на Инстаграм за оваа сезона >>
Станува збор за „набрани“ чизми со високи потпетици со потписот на нејзиниот омилен дизајнер за обувки, Кристијан Лобутен.
Џемперите ни се најдобри пријатели и оваа зима – еве каде ќе ги најдете најдобрите модели >>