Реклама
Celebrity

Две старлети се степаа поради дечко

Реклама

Помеѓу бившата учесничка на реалното шоу „Парови“ Кристина Спремо и бившата фармерка Анастасија Будиќ дојде до физичка премсметка во еден клуб во српската претстолнина, пишуваат таблоидите.

Анастасија

Маркетинг

Но, тие не се тепаа од забава, во кал, разголени, туку заради момчиња и тоа на журка со хуманитарен карактер. Според таблоидите, прична за нивната тепачка бил богатиот плен, односно едно младо и богато момче кое секоја од старлетите си го сакала за себе.

Анастасија Будиќ за Pulsonline раскажа дека ја нападнала бившата девојка на нејзиното сегашно момче Дејан Поповиќ (како во турските серии), бидејќи очигледно не може да го преболи тоа што е бивша.

Маркетинг

„Дојдов во клубот на хуманитарна журка и не ни претпоставував што може да ми се случи. Таа најпрво ме гледаше попреку, а кога ја прашав во што е проблемот, таа почна да ме влече за рацете и физички да ме напаѓа. Се бранев од неа, а потоа обезбедувањето ја исфрли надвор. Сите што беа во моја близина, пријдоа да ми помогнат, бидејќи видоа што се случи“, вели Стејси.

Но, како што впрочем и секогаш се случува кога станува збор за војна помеѓу старлети, приказната од другата страна е сосема поинаква.

Кристина има сосема поинаква приказна

Кристина Спремо објасни дека воопшто не е љубоморна и бесна, туку дека Стејси се чувствува така и бурно реагира, бидејќи не може да се соочи со тоа што нејзното момче се мува со неа.

„Не е точно дека јас неа ја нападнав, туку таа мене! Подолго време ми праќа пораки во кои ми се заканува, кои наскоро ќе ги изнесам во јавноста. Мене не ме исфрли обезбедувањето, туку самата го напуштив клубот, а потоа заминав на ВМА, каде ми констатираа повреди, што ќе ги приложам и на суд“, вели Кристина за Пулсонлајн.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button