Грижи се за малите нешта, а големите работи ќе се погрижат сами за себе.
Еднаш, многу одамна, живееше еден човек, кој веруваше дека може да ја предвиди судбината со гледање во ѕвездите.
Тој се нарече себеси астролог и ги минуваше вечерите гледајќи ги ѕвездите. Една вечер тој одеше по отворен пат, надвор од селото. Неговиот поглед за сето време беше фиксиран во ѕвездите. За миг помисли дека го виде крајот на светот, кога одеднаш се стркала во дупка полна со кал и вода. Се наоѓаше во матна вода која му досегаше до ушите и бесно ја гребеше внатрешноста на дупката макотрпно обидувајќи се да излезе од неа.
Но тој излезе од дупката дури откако еден селанец го види и му подаде рака: „Се преправаш дека можеш да ја претскажеш иднина гледајќи во ѕвездите, а не успеа да го видиш она што ти е пред носот! Ова би можело да те научи малку повеќе да посветиш внимание на она што е пред тебе, но и дека треба да ја оставиш иднината да се погрижи за останатото“.
Кои се вашите најдобри партнери за секс според хороскопот >>
Еден друг селанец рече: „Каква корист од тоа да ја претскажуваш иднината со помош на ѕвездите, кога не си во можност да видиш она што е на Земјата?”
Грижи се за малите нешта, а големите работи ќе се погрижат сами за себе.