Реклама
Кафе муабет

Прекрасно е да си добар човек: Добрите дела не прават луѓе

Реклама

Да си добар човек тоа е многу поважно од физичката убавина и бројките на банкарската сметка. и воопшто не е тешко да си добар.

pomos2

Сè започнува од малите дела на љубезност, добрина и емпатија. Затоа уште денес, биди подобар од вчера.

Маркетинг

Изненади ја саканата. Не мора да е со скап подарок. На огромен хамер напиши и дека ја сакаш и стави и го на автомобилот или почасти ја со неколку бонбони спаковани во убава кутија.

Или оди и изненадно на работа, изнагушкај ја, кажи и дека ти фали иако само пред неколку часа заедно го пиевто утринското кафе.

Маркетинг

alive in the fire sarah rhoads 2
Помагај на послабите, на оние кои сред вртлогот на егзистенцијата останале без скршен денар. Отвори ги плакарите и донирај ја сета таа облека која веќе на ја носиш. Наместо еден леб, купи два и едниот подари го на некој бездомник.

Понуди и на пријателката да и ги причуваш децата додека таа е на фризер. Однеси ги на сокче и колачиња. Играј со детето на соседите. Волонтирај во дом за деца без родители. Нема нешто поубаво од тоа да изнудиш детска насмевка.

Донирај за болните. Можеби токму твоите сто денари се оние кои ќе променат нешто. Донирај крв, ќе спасиш нечиј живот.

pomos1
Биди добар денес и секој нареден ден. Ако сите луѓе барем десет минути во денот бидат добри и хумани, замисли во колку убав свет ќе живееме. Промената започнува од тебе!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button