Лавовите со тешко срце се одлучуваат за диета, Раковите секогаш имаат причина за богата трпеза – слабеење според хороскопски знак
Овој период е идеален за намалување на телесната тежина. Прочитајте како е тоа поврзано со хороскопските знаци!
Овен:
Овните брзо слабеат. За нив е препорачлива диетата базирана на протеини, многу месо без масло, со редовно спортување.
Бик:
Девицата полесно ќе ја да натерате да се протне низ увото на иглата отколку Бикот на диета, но кога ќе дојде и тој ден, со него нема шега. Со неговата својствена упорност ќе симне и дваесет килограми, особено ако го кренете од фотелјата, да игра тенис или да џогира.
Близнаци:
Телесната тежиина на сите Близнаци е превртлива исто како и нивниот карактер – се дебелеат и слабеат по неколку пати во годината. Ги сакаат брзите диети, а најмногу јадат навечер.
Рак:
Раковите секогаш имаат причина за богата трпеза – тагата ја стопуваат во бисквитите, а среќната љубов ја слават со банкети. Кога се на диета, задолжително треба да ги игнорираат семејните ручеци, а на бабите, тетките и мајките да им забранат да приготвуваат убави слатки. Им одговара лесна кујна, базирана на риба, зеленчук и многу вода.
Лав:
Лавовите со тешко срце се одлучуваат за диета, но треба да се погрижат да ја спроведат во летниот период од годината. За нив е препорачливо да ја зелапат фотографијата на омилената манекенка на вратата од фрижидерот или, уште подобро фотографијата на згодно момче кое планираат да го освојат со вита става.
Девица:
За девиците се идеални таблиците со калории. Во ресторан го вадат калкулаторот и го собираат изеденото, сомничаво мерејќи ги капките на маслото во салатата. За нив е најдобро да се информираат за здравата храна, како функционира метаболизмот при определена диета. Со носот забиен во прирачниците од типот „Слабејте здраво и трајно“, нема воопшто да мислат на храна.
Вага:
Вагата едностано може да си постави цел да заблеска во провокативен фустан на некоја забава или летување со новата љубов: ќе ги дарува и последните атоми енергија за да ја издржи диетата. Кога има психички кризи може да оди на масажа, солариум, јога, за да се релаксира и да заборави колку и’ недостасува омиленото чоколадо „милка“.
Премини на следната страна >>