Диети

Диета по породувањето

Реклама
Реклама

Во текот на бременоста најчесто се добива во просек околу 15 килограми плус.

Маркетинг

Со самото породување се губат околу 5 килограми, а за преостанатиот вишок килограми потоа треба малку време и труд. Тие не се симнуваат така лесно и брзо, но сепак се симнуваат доколку се посвети внимание на правилната исхрана. Следат неколку совети за слабеење по породувањето.

Треба да се има во предвид дека веднаш по породувањето и во текот на доењето на бебето не се дозволени никакви рестриктивни и брзи диети. Треба да се води сметка исхраната да биде квалитетна и богата со витамини и минерали. Сепак, можете да се ограничите од некои видови на храна и пијалаци и да држите умерена диета со вежби од по 45 минути неколку пати неделно.

Маркетинг

Доколку сте се одлучиле за лесна диета во текот на доењето, сепак не треба да заборавате дека вашата примарна цел е – доењето! Најголемиот број на диети за слабеење предвидуваат дневно внесување на околу 1000 – 1200 калории што во никој случај не е прифатливо додека го доите вашето бебе. Во текот на доењето метаболизмот се забрзува и потребно е да се внесуваат 1800-2000 калории.

Храната треба да биде разновидна со доволна количина на овошје и зеленчук, месо, риба и интегрални житарки. Треба да се избегнуваат заситени маснотии, шеќер, сол и кофеин. Исто така, се препорачува да се јадат повеќе мали оброци во текот на денот. Треба да ги избегнувате разните грицки, слатки и газирани пијалаци доколку сакате во некој разумен рок да се ослободите од насобраниот вишок на килограми и да го поштедите вашиот организам од штетни и непотребни материи.

Не треба да се заборави и дека доењето претставува напор за жената и за нејзиниот организам, така што е потребно во текот на денот доволно да се одмора. Општо познато е дека одморената жена полесно поднесува напор, па одморениот организам ќе биде помалку осетлив на евентуални болни менструации или предменструален синдром.
 

За да се изгубат наталожените килограми во текот на бременоста обично е потребно исто толку време, односно исто девет месеци за да си ја повратите првобитната линија. Ова се однесува на бремените жени кои добиле до 14 килограми во текот на бременоста. Доколку добиената тежина била поголема, во тој случај и враќањето на тежината од пред бременоста може да биде потешко и да потрае подолго време.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button