Реклама
Блог

Ова што го направи овој хрватски новинар треба да го направат и сите наши колеги од Македонија – дали се согласувате со нас?

Реклама

 „Сопрете ја омразата во медиумите!“

Водителот и автор на хрватската емисија „Недела во 2“ Александар Станковиќ во неговата последна емисија ја заврши со апел да се сопре омразата во хрватските медиуми. Тој во своето објаснување наведе дека не е нормално во јавниот простор да се пцуе нечија мајка или да му се заканува на некој дека треба да биде обесен на плоштад. Сетете се само на говорот на омраза што постојано се шири под многу постови на социјалните мрежи и кај нас во Македонија, еве на пример по неодамнешното гостување на актерот Сашо Тасевски кај новинарот Васко Ефтов, а потоа прочитајте што има на оваа тема да каже еден од најпознатите хрватски новинари. Имено, она што го вели тој, потполно се однесува и за Македонија. Ние како медиум досега многу пати сме се бореле против омразата која е присутна насекаде во нашиот етер, особено во моментите кога ситуацијата можеше да избега од контрола (тоа можете да го видите и од текстовите „Не протестирам, туку се молам да нема граѓанска војна“ или „Дедото што ја влечеше Шеќеринска – за eдни херој за други срам за Македонија“).

Маркетинг

Но што вели Александар?

„Не е нормално поради пцуење и закани со смрт на социјалните мрежи и во јавниот простор никој да не одговара. Државата треба да ги санкционира медиумите кои допринесуваат и поттикнуваат изживување над другите. Порталите кои во коментарите пренесуваат закани мораат да бидат казнети“, вели Станковиќ и додава: „Еве предлог, кога некој ќе се заканува, или ќе ги хушка и драстично навредува другите луѓе, забраните ги сите коментари под текстовите на месец дена. Ако повторно го направи тоа, казните го со 100.000 куни, па нема да се повторува“, додаде тој.

Маркетинг

Станковиќ на крајот од емисијата подигна плакат на кој пишуваше „Сопрете ја омразата во медиумите. За жал се што наведе тој е точно. Вестите ги коментираат луѓето кои останаа заробени во деведесеттите години кои не донесоа ништо добро на овие простори, а омразата се шири на сите страни. Огинот дополнително го шират колегите новинари (ова важи и за Македонија) на кои нездравиот национализам им е најлесен начин за да дојдат до поголема читаност (или популарност). Идеален пример за тоа е последната емисија на Васко Ефтов која веќе ја споменавме на почетокот од текстот. Васко во неговата емисија го нападна актерот Сашо Тасевски поради неговите политички ставови и го направи дека е предавник, поттикнувајќи на тој начин говор на омраза кај публиката, но и добивајќи гледаност на неговата емисија.

Дали мора да биде така?

„Сите вие кои на тој начин се изразувате во медиумите и на социјалните мрежи, дајте барем на момент размислете кој ве учеше на другите да им ги пцуете мајките и на другите да им се заканувате со убиство. Зарем на тоа ве учеа вашите мајки? Дали на тоа ве учеле вашите внуци, со кои наутро се сликате додека се шетате низ парк и потоа сликите го ставате на Фејсбук? А потоа одите на тој исиот Фејсбук и се изживувате со другите. Зарем на тоа ве научија вашите деца кои секоја недела ќе ги угостите во вашиот топол дом? Па откако ќе им подготвите храна за понеделник и ќе се избакнете со нив на вратите, скокнете на некој портал и се фрлите на садистичко масакрирање на другите и различните.“

„А кога зборувате за медиуми, не само Фејсбук, туку и државата може и мора да ги санкционира медиумите кои дозволуваат и поттикнуваат изживување со другите. Порталите кои во коментарите пренесуваат закани треба да бидат санкционирани. Државата може ако сака да го реши тој проблем. Може да го казни медиумите, но и оние кои шират говор на омраза.“ Како што вели самиот новинар не може ако само на државата и одговара сите меѓусебно да се мразиме за да не го гледаме нивниот криминал и корупција. Луѓето отсекогаш се мрзеле и ќе се мразат, но тоа не смее да има јавна поддршка бидејќи омразата на тој начин се поттикнува и проширува“, вели во понатамошното обраќање овој новинар.

Но, што мислите вие на оваа тема? И дали државата треба да го казни медиумите што шират говор на омраза?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button