Диети

Пробајте ја брзата диета на Кејти Смит

Реклама
Реклама

Оваа диета е осмислена од страна на познатата американска нутриционистка Кејти Смит и за кратко време стана многу популарна бидејќи на многу луѓе им помогна експресно да ослабат и да ја доведат својата линија до совршенство.

Маркетинг

Постојат неколку верзии на диетата, а овде ја даваме најумерената која се заснова на правилно комбинирање на намирниците и намален внес на јаглени хидрати.  Доколку сте упорни и доследно се придржувате на правилата на диетата, за две недели, на потполно природен и здрав начин ќе се ослободите од пет килограми.

Оваа диета ја држеше и познатиот американски актер Адријан Броди, кој со помош на неа, подготвувајќи се за својата улога во филмот „Пијанист“ за кратко време ослабе 15 килограми.

Диетата се заснова на варени јајца, но за да се избегне едноличноста вклучени се и многу други намирници како пилешко и мисиркино месо и риба, овошје, зеленчук, растителни чаеви без шеќер и вода. Внесот на јаглени хидрати е прилично намален, а лебот, тестенините и компирите се строго забранети.

Маркетинг

Диетата се држи десет дена, се прави пауза од пет дена, па повторно се враќате на диеталниот режим на исхрана. Оваа диета не се препорачува на луѓето со зголемен холестерол и покачен крвен притисок.

План на исхрана  

Ден 1
Појадок: кафе со млеко без шеќер, парче црн леб, варено јајце
Ужина: овошје по избор
Ручек: супа од зеленчук, 150 гр. пилешко на скара, зелена салата со варени јајца
Ужина: овошје по избор
Вечера: 80 гр. туна, парче црн леб, свежа пиперка

Ден 2
Појадок: кафе без шеќер, парче црн леб, варено јајце
Ужина: овошен јогурт
Ручек: бистра пилешка супа, 150 гр. ослич, 100 гр. салата од домати зачинета со лажичка маслиново масло
Ужина: две варени јајца
Вечера: чорба од зеленчук, парче црн леб

Ден 3
Појадок: кафе со млеко без шеќер, парче црн леб, помала пилешка паштета
Ужина: две варени јајца
Ручек: говедска супа, 200 гр. шпагети со мелено месо, зелена салата
Ужина: овошен јогурт
Вечера: омлет од 2 јајца, парче црн леб

Ден 4
Појадок: чај, парче црн леб, лажичка путер, лажичка мед, варено јајце
Ужина: овошје по избор
Ручек: чорба од спанаќ, 200 гр. динстано јунешко со зеленчук, салата по избор
Ужина: варено јајце
Вечера: салата од 100 гр. пилешко, 50 гр. варен интегрален ориз и 50 гр. карфиол зачинета со лажичка маслиново масло

Ден 5
Појадок: лимонада, парче црн леб, виршла, сенф
Ужина: варено јајце
Ручек: 150 гр. печено пилешко, 100 гр. варена боранија, парче црн леб
Ужина: овошен јогурт
Вечера: сендвич со варени јајца и пилешки гради

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button