Реклама
Нега и здравје

Како да добиете бразилски задник како Алесандра Амбросио

Реклама

Задникот не мора да биде најпроблематичниот дел од женското тело за кој е потребно многу труд и вежбање за да изгледа совршено.

Маркетинг

Така барем смета фитнес гуруто Леонардо Карваљо кој што смисли ефикасен начин на вежбање за подигање на задникот, вежба според која што вежбаат сите ангели на Викторија, вклучувајќи го и моделот Алесандра Амбросио.

„Brazillian Butt Lift“ е бразилски начин за вежбање кое што делува на три главни мускули на ова подрачје. Вежбите се многу едноставни, а нудат одлични и брзи резултати без страв од мускулести и мажествени бутини.

Вежба 1

Маркетинг

Исправете се, а нозете раздвоете ги во ширина на колковите. Наведнете се во получучањ така што стапалата да останат рамни со подот, а колената свиткани под агол од 90 степени. Од получучњеви испружете ја левата нога нанапред, вратете се во получучањ, па повторно испржете ја десната нога. Повторете ја оваа вежба 30 пати.
 

Вежба 2

Од получуањ испружете ја левата нога наназад, а рацете нанапред. Вратете се во получучањ, па истото повторете го со десната нога. Со секоја нога направите серија од 30 наизменични повторувања.

Вежба 3

Легнете на страна и подигнете ги двете нозе 5 сантиметри од подот. Горната нога лесно подигнете ја во висина на рамињата, па потоа полека спуштете ја. Долната нога за сето време држете ја во воздухот – неколку сантиметри од површината на која што сте потпрени со колкот. Повторете ја вежбата 30 пати, па свртете се на другата страна,.

Доколку пак, сакате да постигнете максимални резултати за брзо време, на зглобовите ставете тегови од еден килограм.

{youtube}86NgIHutreg{/youtube}

Погледнете го видеото со ангелот на Виокторија, Александра Амбросио, и научете го овој бразилски систем за подигање на задникот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button