Реклама
Нега и здравје

Недостатокот на витамин К е причина за болни менструации, анемија и цревни заболувања

Реклама

Показатели на недостатокот на овој важен витамин можат да бидат крвавење во форма на поткожен хематом, крвавење во мускулите, како и од слузницата, во гастроинтестиналниот и урогениталниот систем.

Витаминот К учествува како коензим во карбоксилација на глутаминската киселина на прекурзорите на факторите на коагулација, со што тие добиваат способност да ги врзуваат јоните на калциум и да учествуваат во згрутчувањето на крвта.

Маркетинг

Недостатокот на витаминот К кај возрасните обично е резултат на лошата апсорпција во тенкото црево (опструктивна жолтица, панкреатична инсуфициенција, синдром на малапсорпција).

Како треба да пиете сода бикарбона за превентива од болести, слабеење и болести на желудникот (рецепти) >>

Маркетинг

Поретки причини за недостаток на витамин К се: несоодветна исхрана, нарушена синтеза на бактерии во цревата (долгорочна употреба на антибиотици) и губење на резервите на витамин К во црниот дроб поради хепатоцелуларно оштетување. Друга причина е и прекумерната и неконтролирана употреба на орални антикоагуланси.

Клиничките манифестации на недостаток на витамин К се крвавења во форма на поткожни хематоми, крвавења во мускулите, како и од слузницата, гастроинтестиналниот и урогениталниот систем.

Го викаат растение на бесмртноста – убиец на масните наслаги, лечи преку 50 болести >>

Недостатокот на витамин К се нарекува хиповитаминоза К, а симптомите можат да вклучуваат модринки, петехии, хематоми, болки во стомакот, калцификација на меките ткива (особено на срцевите залистоци), силно менструалното крвавење, крвавење во дигестивниот тракт, хематурија (крв во урината), крвавење од носот, непцата и очите, анемија, остеопенија, остеопороза, фрактури и хиперкалциурија.

Вродени мани поврзани со хиповитаминоза K

Кај доенчињата на кои уште во текот на бременоста им недостасувал витамин К може да дојде до неразвиеност на носот, устата и средината на лицето, микроцефалија, ментална ретардација, хипертелоризам, срцеви аномалии, проблеми со учење, разни деформитети на прстите (хипоплазија) и бавен раст.

Пијалак за потенка половина и губење на килограми за само 7 дена >>

Хиповитаминозата поради недостаток на витамин К е обично многу ретка кај возрасните, бидејќи тој е присутен во различни видови на храна, а и во организмот го синтетизираат некои цревни бактерии.

Витамин К во храната

За да обезбедите доволно витамин К на вашиот организам, потребно е во исхраната да ги вклучите следниве намирници: зелка, карфиол, прокељ, спанаќ, коприва, индиска луцерка (алфафа), листа од питом и див костен, други зеленолисни растенија, домати, грашок , соја, моркови, компири, свински џигер (и маст добиена од свински џигер), растителни масла (полунезаситени масла), рибино масло, кравјо млеко, јогурт, сирење, жолчка од јајце и алги.

Најсилниот домашен антибиотик и одлично средство за превенција од рак >>

Извор: Kucnilekar.com

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button