Производите за бојадисување на коса наменети за претставниците на посилниот пол се вистинска иновација во светот на козметиката за мажи.
Фото: feliinoh.tumblr.com
Всушност станува збор за производи за ублажување на седите влакна од кои ќе се решите за само 5 минути, а косата воопшто нема да изгледа неприродно, Тие најчесто се едноставни за употреба и брзо се нанесуваат, а покрај тоа што ги сокриваат седите влакна, можат и да ја освежат природната боја на вашата коса.
Наш предлог за денес кога се во прашање овие производи е бојата за коса за мажи „COLOR PURE“ од „LORVENN PARIS“ кој ја прекрива побелената коса за само 5 минути, лесно се нанесува и дава одлични резултати, како и природен изглед на косата. Наменета е исклучително за претставниците на посилниот пол и претставува иновативно решение во боењето на косата кое истовремено ја негува косата и ја обезбедува саканата боја.
COLOR PURE – LORVENN PARIS
Првите знаци на побелување на косата не мора да ви претставуваат проблем и причина за загриженост. Доколку не ви се допаѓаат слободно можете да ги покриете со бојата за коса Color Pure од Lorvenn и никој нема да забележи никакви промени на вашата коса. Нијансите се одбрани внимателно така што совршено се вклопуваат со природната боја на косата. Добивате сосема природна нијанса и природен изглед на вашата коса. Новата нежна формула содржи камилица и витамин Б5, ги покрива првите знаци на побелена коса, и ѝ дава на косата убав природен изглед. Содржи кератин за екстра јачина на косата. Истовремено ја негува косата и ја обезбедува потребната влажност. Не содржи амонијак. Бојата не е трајна и се задржува на косата до 28 миења со шампон. Ја засилува и заштитува природната боја и при опаѓање бојата не ја осветлува косата туку целосно паѓа. Достапна е во 3 бои: 30 Black-Brown (црно-кафена), 40 Dark Brown (темно кафена) и 50 Medium Brown (средно кафена).
Се препорачува да ја изберете бојата која е најблиска до вашата природна боја на косата.
Како се употребува?
Пакувањето COLOR PURE од LORVENN содржи: колор балзам 40 мл., емулзија за растварање 40 мл., најлонски ракавици, чешел и шампон. Балзамот се раствара со емулзијата и добро се протресува. Се нанесува на косата и се остава да отстои 5-10 минути, во зависност од тоа колкав сакате да биде интензитетот на бојата. Се измива со шампонот што е во пакувањето. Производот може да предизвика алергиска реакција. Да се тестира пред употребата. Не треба да се употребува на веѓи и трепки. Да се чува подалеку од дофат на деца. Во случај на проблем да се посети доктор и да се однесе амбалажата од производителот.
Рок на употреба: 12 месеци
Рок на траење: 3 години
Увозник и дистрибутер: Меркур Трејд, ул. Маршал Тито бр. 42 Битола
Кликни тука и порачај го овој производ »