Реклама
Трендови

Еве кои бои и трендови ќе ги носиме следната пролет

Реклама

Прочитајте во кратки црни што ќе биде во тренд следната пролет според она што го видовме на модните ревиите во Њујорк, Лондон, Милано и Париз.

Познатите дизајнери ги претставија своите креации и трендови кои сметаат дека ќе бидат актуелни следната сезона, а модните магазини веќе почнаа да ги истакнуваат оние што остави најголем впечаток и за кои сметаат дека ќе заживеат и на улиците. Она што беше воочливо во речиси сите колекции беа пренагласените и предолгите ракави за кои уште сега можеме да кажеме дека ќе бидат еден од водечките трендови за следната сезона. Тука е и краткиот топ со должина до градите, униформи, проѕирни материјали, впечатливи дезени…

Маркетинг

Што се однесува до боите, следната пролет класичната палета со префинетите пролетни бои оди заедно со силните впечатливи бои и дезени, а главниот акцент е на жолтата и на сите нијанси на сината боја.

Маркетинг

Кога се кроевите во прашање пак, фокусот е ставен на необичните рамениците, ракави и струкот, како и на голиот грб. Не треба да ги заборавиме и маиците со логоа, потоа војничките јакни и облеката што потсетува на пиџами, како и дезените со мачки кои следната сезона очекуваме да ги видиме насекаде. Кога се дизајнерите во прашање посебно сме изненадени од Џон Галијано и од неговите фантастични креации за „Maison Margiela“ како и речиси од сите парчиња од Vetements – бренд кој едноставно го обожаваме. Новата колекција се состои од редизајнирани парчиња кои повеќето од нас веќе ги носат, како парки јакни, дуксерки, фустани…

Моделите во главно се предимензионирани, а голем дел од колекцијата е направен во кооперација со други креатори, што е еден од новитетите во преставувањето на колекциите на официјалните модни ревии.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button