Реклама
Трендови

Оваа блуза е хит меѓу познатите трендсетерки – дали ви се допаѓа и на вас?

Реклама

Брендот „Vatements“ во последно време се почесто ги диктира трендовите!

Еден од нивните најнови изненадувања е „реинкарнацијата“ на кратките „hoodie“ блузи – со подигнати раменици! Па ако некогаш ги тргавме перничињата од рамениците на фустаните и сакоата, убедени дека акцентираните подигнати раменици ќе останат само дел од некое далечно минато, сега „Vatements“ ни покажа дека не сме биле во право. Познатиот грузиски креативец Демна Гвасалија одлучи и на овие „винтиџ“ и пред се „треш“ парчиња да им даде нова шанса и тоа така што перничињата ќе ги вгради во спортските дуксерки. Трендот веќе го фураа многу познати ИТ девојки а неговите единствени слабости (барем сега за сега) се неговата ексцентричност и цената. Имено, една од овие „hoodie“ блузи во бордо боја со потписот на „Vatements“ и со подигнати раменици чини 740 евра. Што се однесува до нивниот изглед пак, не веруваме дека лесно би завладеале со улиците и кога ќе се појават во „high-street“ верзија бидејќи трендот сепак е предодреден само за „најхрабрите“.

Маркетинг

Маркетинг

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button