Исхраната која одговара на Овенот со забрзан метаболизам, не му годи на забавениот Бик, кој сака да јаде полека и со уживање. Близнаците и Водолиите често ги прескокнуваат оброците, за разлика од хороскопските хедонисти: Риби, Рак, Вага…
Полесно ќе се изборите со вишокот килограми доколку исхраната ја прилагодите на својот хороскопски знак, велат астролозите.
ОВЕН
Метаболизмот ви е забрзан, секогаш сте во движење и не сакате да губите време за подготовка на јадења. Ви одговараат диети коишто ќе ви покажат резултати што е можно поскоро. Јадете помалку, но почесто, особено супа/чорба од зеленчук, моркови, бадеми, ѓумбир.
БИК
Иако имате трпение за диети на долг рок, избегнувајте доцни оброци поради бавниот метаболизам. Треба да пиете што повеќе вода, а кога ќе огладнете, земајте овошје, свежо или сушено, диетални млечни напитоци или варена белка од јајце.
БЛИЗНАЦИ
Немате време, ниту трпение за готвење, динамични сте и брзи, така што место не ве држи. Тешко усвојувате здрави навики во исхраната, сакате да експериментирате со брзи диети, но брзо се откажувате, дури и да имате резултати. Јадете што повеќе свежо овошје и зеленчук.
Премини на следната страна >>