Следува антицелулитна диета која што го решава проблемот на целулитот така што ги топи масните наслаги на точно определено место.
Една од главните причини за појава на целулитот е собирањето на штетни материи и вода кои што се таложат во мрсните клетки, а оваа диета го решава токму тој проблем и ја топи мрснотијата на точно одредено место.
1.ден:
Појадок: 1.5 дл млеко со ниска масленост или еден јогурт, една лажичка мед, една лажичка овесни снегулки и круша.
Ужина: 40 г суво овошје.
Ручек: Пилешки гради во сос и варен ориз: 100 г пилешко, 40 г ориз, пиперка, лук, магданост, супа од зеленчук, кисела павлака без мрснотии или јогурт, маслиново масло, сол и феферони.
Ужина: Портокал.
Вечера: Салата со јајца, шунка и 5 г интегрален леб, 60 г. Зелена салата, варено јајце, 50 г. Шунка, 4. Лажички сок од портокал, сол и феферонки.
2 ден:
Појадок: Милкшејк од 1.5 млеко со ниска масленост и 125 г. банани.
Ужина: 40 г суво овошје.
Ручек: Тестенини во сос од печурки: 40 г тестанини, 200 г печурки, лук, власец, две лажички кисечла павлака со ниска масленост или јогурт, сол и 20 г. мелени ореви.
Ужина: Интегрално печиво со 30 г. сирење со ниско ниво на маснотии.
Вечера: Салата од три лажички сок од портокал, 1 лажичка оцет и пиперки со интегрален препечен двопек со свежо беровско сирење.
3 ден:
Појадок: 250 г. малини, 1.5 дл. млеко со ниска масленост, лажица зобни трошки, 2 лажици мед.
Ужина: 40г. суво овошје.
Ручек: Супа од зеленчук: ситно исечена пиперка и чешнак кромид, пола литар супа од зеленчук, 200 г. тиквички и 1 пиперка исечкана на коцки, 50г. шунка, 50г. грав, сол, црн пипер, маслиново масло, оцет, сос од соја.
Ужина: Јаболка.
Вечера: Салата од пилешко и тиквички: 60г. зелена салата, 200г. тиквички, 3 лажици сок од портокал, лажица оцет, сол, црн пипер, 3 лажици кисело млеко или јогурт и 40г. интегрален леб.
4 ден:
Појадок: Фрапе од 1.5 дл. млеко со ниска масленост и 100 г. манго.
Ужина: 40г. суво овошје.
Ручек: Риба со ориз: 40 г. ориз, 2 филе листови од риба, лажица сок од лимон, сол, црн пипер, лажица исечкан рен и лажица копар, 2 дл. супа од зеленчук, 2 лажици кисело млеко или јогурт, 1 домат.
Ужина: ИНтегрално печиво со 20г. шунка.
Вечера: Салата од шампињони и интегрално печиво.
5 ден:
Појадок: Исечкана јаболка, лажица сок од лимон, јогурт, лажица зобни трошки и лажица мед.
Ужина: 40г. суво овошје.
Ручек: Свински нарезок на источен начин: краставица исечкана на кругови, пола пиперка, две лажици сок од портокал, лажица оцет, пола лажица масло, сол и црн пипер, лажица коријандер во прав, пола чешнак кромид, 2 лажици сос од соја и 50г. интегрален леб.
Ужина: Пола ананас или една банана.
Вечера: Салата со морков и брокула: 250г. зелена салата, 200г. морков, 100г. варена брокула, две лажици немасно кисело млеко, лажица сок од портокал, лажица сенф, сол и црн пипер, 40г. интегрален леб и 30г. шунка.
6 ден:
Појадок: Киви, јогурт и лажица зобни трошки.
Ужина: 40г. суво овошје.
Ручек: Омлет со спањак, 100г. варен спањак, две жолчки од јајце, шлаг од две белки од јајце, кромид, полоа чешнак лук, маслиново масло и 40г. интегрален леб.
Ужина: 50г. интегрален леб со две парчиња салама од мисирка.
Вечера: Салата со кнедли од соја и пиперка.