Реклама
Хороскоп

Амајлии за сите хороскопски знаци

Реклама

Потковица, детелина со четири листа, крст и други религиозни симболи… секој од нас има предмет што го смета за амајлија или талисман. Овие предмети не мора да имаат вистинска вредност, како кристалите, или парична, како златниот накит. Важен е психолошкиот ефект и нашата перцепција за овие објекти како нешто што ни носат среќа. Но, тука е астропсихологијата која ни помага да одредиме кои талисмани најмногу одговараат на хороскопските знаци.
amuletfirst
Дејвид Бекам – и славните личности си имаат своја амајлија. Оваа, додуше, е изработена од „Долче и Габана“

amuletaries
Овен: Фигурка топка
Оваа амајлија носете ја во паричникот. Таа ќе го подобри креативното изразување и ќе ја смири импулсивноста карактеристична за сите Овни.
amulettaurus
Бик: Фигурка коњ
Оваа амајлија симболизира сила и лојалност, и на луѓето во овој хороскопски знак ќе им донесе издржливост. Оваа амулетка треба да ја ставите на маса, или да ја носите со вас.
amuletgeimini
Близнаци: Клучеви во античка форма
Оваа амајлија може да се стави на било кое место дома, но пожелно е да ги носите в џеб. Клучевите ја симболизираат отвореноста, ведриот дух и остриот интелект на Близнаците.
amuletrak
Рак: Фигурака Буда
Оваа амајлија носете ја в џеб, но исто така може да ја ставите во спалната соба или во близина на влезната врата. Овој талисман ќе донесе мудрост и долговечност.
amuletleo
Лав: Жетон за покер
Оваа амајлија може да ја носите со вас или да ја ставите на работната маса за да ви ги подобри мислите. На неа треба да биде вцртана детелина, срце или коњ.
amuletvirgo
Девица: Копче
Овој талисман ќе ја зајакне креативноста и инспирацијата на Девицата, а ќе ја минимизира нејзината опсесија со ситни детали.
amuletvaga
Вага: Амајлија во облик на срце, како и сите кристали во оваа форма
Амајлија во облик на срце на Вагите им носи среќа во емотивните врски. Чувајте ја на работната маса или под перница.
amulet scorpio
Шкорпија: Метални парички
Овој талисман носи среќа на патувања и, се разбира, на финансиско поле. Шкорпии, ставете ја оваа амајлија во соба или носете ја во паричникот.
amuletsatigarius
Стрелец: Фигурка куче
Овој талисман ќе ја подобри финансиската страна, како и верноста којашто Стрелците понекогаш ја избегнуваат. Чувајте ја фигурата на маса или во спалната соба.
amuletcapricorn
Јарец: Поштенски марки
Оваа амајлија се чува на маса или на комодата во спалната соба. Ссимболизира среќа на патувања и контакти со луѓе кои живеат далеку. Со собирање марки, Јарците ги изразуваат своите доблести како упорност, прецизност и трпение.
amuletaquarius
Водолија: Мало стаклено топче или џамлија
Сè што е невообичаено, со силни бои и што поттикнува на размислување е заштитен знак на Водолијата. Оваа амајлија се носи в џеб или чанта. Може да донесе среќа во остварување на целите.
amuletpisces
Риби: Фигурка риба
Оваа амајлија треба да се стави во спалната соба или на работната маса. Ќе ги подобри односи со другите и вербата во себе.

Кликнете овде доколку сакате да добиете поконкретни идеи (шминка, облека, чевли…).

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button