Реклама
Блогерија

Тренди скопјанка во тесни кожени панталони и патиките што ги дизајнираше Ријана, а кои се хит во целиот свет

Реклама

Алексанадра Трпеска која стои зад блогот Majestic by Alex е една од нашите омилени модни блогерки.

Убавата блогерка речиси секогаш е едноставно, но одлично облечена, а не можеме да најдеме мана ни за оваа нејзина комбинација – особено НЕ на кожните фармерки кои се одличен избор за овој период од годината.

Маркетинг
Интервјуто и целиот едиторијал во кој модната блогерка Александра е во улога на модел можете да го видите тука >>

Интересно е што кожните панталони се вистински хит во последно време, но и што се почесто можеме да ги видиме како ги носат и нашите девојки. Не ретко низ улиците ќе сретнете кул девојки во кожни панталони или хеланки, и тоа во нивните секојдневни изданија и покрај тоа што станува збор за тренд за кој ви е потребна храброст , но и умешност да го комбинирате со останатиот дел од облеката. Што се однесува до нашата модна блогерка, нејзината комбинација посебно ни се допаѓа. особено комбинацијата со патиките кои се популарни во целиот свет – „Puma Fenty“, а кои за овој бренд ги дизајнираше пејачката Ријана. Александра нејзиното издание го заокружи со тренди „винтиџ“ јакна со потписот на култниот бренд levi’s, шарен моден додаток од вештачко крзно од Stradivarius и женствена кошула од Zara.

Маркетинг
Denim jacket – Levis Vintage, Hoodie – Stradivarius, Shirt – Zara, Leather Jeans – Zara, Shoes – Puma Fenty, Sunglasses – Bershka, Faux fur – Stradivarius

Па, што велите за ова издание на нашата позната блогерка?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button